Пред да стане омилениот доктор од „Вовед во анатомија“ – улога што го направи светски познат – Патрик Демпси си ја пробувал среќата во многу романтични комедии. A, пред да стане актер, работел многу други нешта и имал други планови.
-->
Во младоста Патрик одел на натпревари за жонглирање, а станал свесен за својот талент за глума откако го поканиле на аудиција. Актерот ја добил улогата, по што почнале да му се отвораат вратите и за други филмски проекти.
-->
Актерот сакал да добие улога во серијата „House“, а по неуспешниот обид бил избран за улогата на доктор Шепард во „Вовед во анатомија“. Актерот ја имаше една од главните улоги сè до 2015 година, но се појави и на финалето на 17-тата сезона од серијата.
Погледнете неколку забавни факти за Патрик Демпси што сигурно не ги знаевте:
Првпат стапил во брак кога имал само 21 година. Неговата прва сопруга била најдобрата пријателка на мајка му и имала 48 години кога се венчале. Бракот траел околу седум години.
-->
Патрик Демпси има дислексија – нешто што може да биде голем проблем со кариера како неговата. Сепак, актерот успева да се снајде – некогаш некој друг му ги чиста сценаријата, а посетува и експерт кој му помага да ги надмине тешкотиите.
Патрик е во брак со Џилијан Финк, и тоа уште од 1999 година. Тие имаат и три деца.
-->
-->
Неговото омилено хоби е жонглирањето, а има одено и на натпервари. Пред да стане актер, Патрик бил познат и по смислата за хумор и го сметале за училишниот кловн.
-->
Изгледа тој е херој и во приватниот живот, не само во „Вовед во анатомија“. Иако самиот нема потврдено ништо, наводно Патрик му го спасил животот на тинејџер кој удрил со автомобил во неговата ограда.