Кои 10 други држави го сменија името покрај Македонија?
Процесот на менување на името на една земја не е нималку едноставен, а уште помалку економичен.
Но, и покрај комплицираниот процес и негодувањето на дел од граѓаните, разни држави во светот се осмелија на овој чекор:
Холандија го смени името во The Netherlands
Како начин за обединување на сите покраини кои се дел од Холандија и како маркетиншки потег, двата региона што го носат името „Холандија“ (Holland) повеќе не се нарекуваат Јужна и Северна Холандија. Од јануари 2020 година, тие станаа The Netherlands.
Цејлон го смени името во Шри Ланка
Античкиот Цејлон, односно денешната модерна Шри Ланка, го смени името што ѝ го дале Португалците кога го откриле во 1505 година. Подоцна станал дел од британската империја и ја стекна својата независност во 1948 година. Во 1972 година Цејлон стана република во Британскиот комонвелт и го смени името во Шри Ланка.
Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија
Република Македонија го смени своето име во Република Северна Македонија во февруари 2019 година. Главната причина за промената на името беше членството во НАТО, како и пристапот кон ЕУ.
Чешка Република го смени името во Чешка
Со цел да се олесни именувањето на земјата на спортски настани како дел од маркетинг напорите на компаниите, Чешка Република го скрати своето име во Чешка (Czechia) во април 2016 година.
Оваа мерка се дискутираше 20 години сè додека, конечно, беше одлучено да се скрати името, така што изговорот ќе биде полесен на секој од 6-те официјални јазици на земјата: англиски, француски, руски, кинески, шпански и арапски.
Свазиленд го смени името во Есватини
Во април 2018 година кралот на Свазиленд во Африка издаде изјава во која се наведува дека името на земјата ќе се смени во Есватини. Измената не ги изненади луѓето бидејќи тоа беше името што веќе го користеа. Есватини е само превод на Свазиленд на локалниот јазик, што значи „Земја на Свазите“.