Кои 10 други држави го сменија името покрај Македонија?
Горна Волта го смени името во Буркина Фасо
За да ја прослави 20-годишнината од својата независност, Републиката Горна Волта беше преименувана во Буркина Фасо, што во буквален превод на локален јазик значи „Земја на исправени луѓе“. Промената е направена во 1984 година, заедно со измената на знамето и химната.
Бурма го смени името во Мјанмар
Во 1989 година, водечката воена влада на земјата беше решена да го смени името од Бурма во Мјанмар од неколку причини, вклучувајќи го и фактот дека на бурмански (или мјанмарски) јазик, името на државата е Мјанма.
Сепак, не сите се согласуваат со оваа одлука. Поради оваа причина, некои делови од светот сè уште инсистираат оваа азиска земја да ја нарекуваат Бурма.
Сијам го смени името во Тајланд
Промената на името на Сијам во Тајланд е од поодамна. Одлуката е донесена во 1939 година од страна на тогашниот премиер. Ова било дел од неговиот план да ја модернизира државата, притоа помагајќи им на жителите да го зачуваат нивниот уникатен идентитет.
Германска Југозападна Африка го смени името во Намибија
Земјата била германска колонија до 1919 година, па оттаму и името. Потоа била под власт на Јужна Африка, за во 1990 да ја стекне својата независност. Тогаш Германска Југозападна Африка била преименувана во Намибија. Нешто подоцна, имињата на градовите и регионите што биле на германски јазик исто така се смениле. Предлогот воопшто не им се допаднал на граѓаните, бидејќи тие веќе биле навикнати на старите имиња.
Зелено’ртски Острови препорачала името секаде да биде Република Кабо Верде
Оваа неодамнешна промена на Зелено’ртските Острови се случи во 2013 година. Имено државата усвоила уредба со која препорачала да не се преведува името на држвата на странски јазици. Па затоа, денес Зеленор'тските Острови (преведено на македонски) ги нарекуваме Кабо Верде.
Слободна Ирска Држава го смени името во Ирска
Во 1937 година, со намера да ги отстрани сите врски со Обединетото Кралство (со кое земјата имаше жестока војна во времетраење од 2 години), Слободна Ирска Држава стана Ирска, или Éire на локалниот ирски јазик.
(О)Милена | Црнобело / Извор / Фото: depositphotos