Кратки инспиративни цитати што веднаш ќе ви го подобрат расположението

„Животот е навистина едноставен, но ние инсистираме да го правиме комплициран“.

kratki-inspirativni-citati-shto-vednash-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-01.jpg

Дали има денови кога ништо не ви оди по план и тешко ви е да си замислите дека некогаш нештата ќе станат подобри? Ова е сосема нормално и одвреме-навреме сите се чувствуваме така.

Во ред е да бидете нерасположени, гневни, тажни, но во овие мигови не заборавајте дека како сè останато, ќе помине и тоа.

Ако, пак, денес сте во ваква ситуација, тогаш следниве цитати сигурно барем малку ќе ви ја променат перспективата и ќе ви го подобрат расположението:

„Ако мислите дека сте премногу мали за да направите разлика, пробајте да спиете со комарец“ – Далај Лама

„Можеме или да се направиме мизерни, или да се направиме силни. Двете бараат исто работа“ – Карлос Кастенада

„Животот е навистина едноставен, но ние инсистираме да го правиме комплициран“ – Конфучиј

kratki-inspirativni-citati-shto-vednash-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-4.JPG

„Отсекогаш сум сакала да бидам некој, но сега сфаќам дека требало да бидам поконкретна“ – Лили Томлин

„Позитивниот став нема да ви ги реши сите проблеми – но ќе им пречи на доволно луѓе, така што ќе вреди“ – Херм Олбрајт

„Оние кои танцуваа беа луди за оние кои не можеа да ја слушнат музиката“ – Фридрих Ниче

„Мораме да заборавиме на животот што сме го планирале за да го живееме животот којшто нè чека“ – Е. М. Форстер

kratki-inspirativni-citati-shto-vednash-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-03.JPG

„Морате да учите од туѓите грешки. Невозможно е да живеете доволно долго за самите да ги направите сите“ – Еленор Рузвелт

„Луѓето кои се прашуваат дали чашата е половина празна или половина полна не ја сфаќаат поентата. Поентата е дека чашата може да се наполни!“ – Сајмон Синек

„Дури и ако сте на вистинскиот пат, некој ќе ве прегази ако само седите таму“ – Вил Роџерс

kratki-inspirativni-citati-shto-vednash-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-02.JPG

„Не секој ден е добар, но има нешто добро во секој ден“ – Алис Морс Ерл

„Имате само мала искра лудило, не смеете да ја изгубите“ – Робин Вилијамс

„Кога и да слушнам како некој се жали ’Животот е тежок‘, секогаш сум во искушение да прашам ’Во споредба со што?‘“ – Сидни Харис

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg