Не се спријателуваат со луѓето што ги штитат - забавни факти за телохранителите на славните
Планирање бегство, брзо и правилно расудување, одлични вештини за комуникација – телохранителите имаат многу повеќе способности од физичката сила.
Тешко дека ќе најдете славна, па и само многу богата личност без телохранител. Овие луѓе неретко се мета на секакви типови луѓе, па кога се движат во јавност мораат да се погрижат за својата безбедност.
Задачата на телохранителите е да ги заштитуваат луѓето од коишто се најмени, но физичката сила и нивната големина не се секогаш најважните нешта.
Погледнете кои се задачите на телохранителите на славните и на што сè треба да бидат подготвени:
Сумата што ја наплаќаат зависи од неколку фактори
Цената на телохранителите зависи од тоа каков вид заштита нудат. Наводно, вообичаената цена за личен телохранител во САД се движи околу 100 долари за час и обично работат 8-12 часа. Во овој случај, телохранителот е само еден вид придружба во текот на денот.
Кога станува збор за патувања, или телохранители кои треба да се достапни 24/7, цената може да биде многу повисока, во зависност од потребите и барањaта на личноста што го најмува телохранителот.
Планирањето им е една од најважните задачи
Телохранителите мораат секојпат да планираат однапред. Тие мораат да знаат каде точно ќе се движи личноста што ги најмила, па внимателно разгледуваат дали има потенцијална опасност. Истовремено, планираат и кој би бил најбезбедниот пат за бегство во случај да се случи нешто.
Мораат да знаат како да се справат со секоја ситуација
Телохранителите треба да се подготвени да реагираат на секоја непредвидена ситуација. Кога, на пример, станува збор за позната личност којашто ја следат папараци, телохранителите треба да знаат како да ја заштитат личноста, без притоа да ги повредат папараците.
Нормално, тие треба да се и во одлична физичка кондиција во случај да дојде до физичка пресметка.
Мора да ги знаат желбите и вкусовите на луѓето што ги штитат
Некогаш славните имаат чудни желби и вкусови, а телохранителите мораат да бидат во тек и со ова.
Некои луѓе сакаат телохранителот да е веднаш до нив, некои сакаат да се движи подалеку од нив, некои не сакаат никаков контакт со него… Телохранителите мораат да ги знаат овие работи и да ги почитуваат желбите на оние што ги штитат.
Ги проверуваат подароците што ги добиваат славните
Иако можеби вие би имале најдобра намера кога ќе посакате да подарите нешто на вашиот идол, некои луѓе можат да имаат и лоша цел. Поради ова, кога некој сака да му даде подарок на својот идол, најпрво телохранителот го проверува.