Не се спријателуваат со луѓето што ги штитат - забавни факти за телохранителите на славните
Не се пријатели со ѕвездите што ги штитат
Телохранителите се професионалци и обично не се спријателуваат со ѕвездата што ја штитат.
Нивната задача е да се осигурат дека ѕвездата е безбедна и генерално си се држат само до своите обврски, без разлика што можеби го минуваат секој ден со нив.
Големината и физичката сила не се најважното нешто
Додека некои славни сакаат телохранители кои изгледаат големо и силно, ова не важи за сите.
Некои сакаат телохранител кој ќе може да се вклопи во топлата народ. Некои, пак, сакаат телохранители жени како, на пример, Кејт Мидлтон.
Некогаш е важен и изгледот
Бидејќи славните постојано се опкружени со папараци, на некои од нив им е важно нивните телохранители да изгледаат добро.
„Еднаш бев одбиен од позната личност бидејќи не ѝ се допаѓало како изгледам во Armani облека. Ова немаше никаква врска со моите способности. Но, тоа е тоа, продолжувам понатаму“, изјави еднаш Шон Енгбрехт, телохранител кој има работено за многу славни личности.
Некогаш телохранителите се како „моден додаток“
За некои ѕвезди, телохранителите се како статусен симбол – покажуваат дека имаат доволно пари да ги платат. Во овој случај тие обично не се загрижени за својата безбедност.
Но наводно, компаниите за обезбедување неретко ги одбиваат ваквите понуди.
Вештините за комуникација се од голема важност
Бидејќи телохранителите се соочуваат со секакви луѓе, дури и опасни, мораат да знаат како да се справат со сите.
Важна е и интелигенцијата бидејќи некогаш мораат да реагираат многу брзо и да ја донесат правилната одлука.
Спирова С. | Црнобело