9 факти за бањите и тоалетите од минатото поради кои ќе бидете благодарни за модерната канализација
Јавните тоалети немале кабини, импровизираната канализација мирисала ужасно, а јавните бањи биле место за социјализација.
Денес е најнормално да имаме бања и тоалет опремени со сè што ни е потребно, па не ни помислуваме колку всушност сме среќни што можеме да си го дозволиме тоа.
Бањите, заедно со модерната канализација, биле нешто незамисливо во минатото. Порано луѓето го немале луксузот да се бањаат со топла вода кога ќе посакаат, ниту, пак, да имаат тоалетна школка.
Погледнете неколку факти за бањите и тоалетите од минатото поради кои ќе бидете благодарни за модерната канализација:
Биле заеднички
Во Римската Империја, Средниот век и поголемиот дел од историјата, бањите биле заеднички и јавни. Овие простории биле опремени со базени со топла вода, во кои се бањале сите луѓе. Неретко, луѓето го користеле ова и за да се социјализираат.
Тоалетите не биле воопшто приватни
Ако посетувате урнатини од некој древен град, можеби ќе имате можност да видите како приближно изгледале тоалетите од минатото. Овие тоалети немале посебни тоалетни школки, уште помалку кабини. Наместо тоа имало неколку дупки кои служат како тоалет наредени едни до други, без никаква преграда помеѓу нив.
Во бањите се јадело
Како што напоменавме, бањите биле и место за социјализација на луѓето во минатото. Покрај тоа, овде си одржувале и гозби со секаква храна, а некогаш играле и друштвени игри.
Сите користеле исти сунѓери за чистење
Тоалетната хартија не постоела во минатото, па луѓето користеле морски сунѓер заврзан за стапче. Она што е најчудно е фактот дека истиот сунѓер го користеле повеќе луѓе. Односно, откако некој ќе го искористи, ќе го врати во кофа полна со солена вода или оцет, за потоа може да го употреби и некој друг.