9 факти за бањите и тоалетите од минатото поради кои ќе бидете благодарни за модерната канализација
Тоалети на отворено
Во Средниот век, луѓето неретко ги завршувале потребите на улица, на некое потскриено место. Кон крајот на Средниот век, луѓето станале посвесни за хигиената, па почнале да прават еден вид тоалети. Овие тоалети најчесто биле поставувани на мостови, за отпадот од нив да заврши директно во реката.
Тоалетите мирисале ужасно, особено во текот на летото
Побогатите луѓе, како оние кои живееле во замоци, си имале свои тоалети, со импровизирана канализација. Отворот кој служел како тоалетна школка бил поврзан со канал, па целиот отпад паѓал низ него.
Но, миризбата од овие тоалети била ужасна бидејќи немале вода и целиот мирис патувал низ канализацијата и се враќал во тоалетот.
Тоалетите се чистеле рачно
Отпадот од тоалетите се чистел рачно, најчесто навечер кога се празнеле улиците.
Сите си истурале вода преку прозор
Денес кога сакаме да истуриме валкана вода, можеме да го искористиме мијалникот, школката, кадата… Но во минатото луѓето го немале овој луксуз, па валканата вода ја истурале преку прозорците, односно на улица каде што има и други луѓе.
Тоалетите биле дувло за инфекции
Денес знаеме што сè можат да предизвикаат штетните бактерии и знаеме како да се заштитиме од нив. Но во минатото луѓето го немале ова знаење, па јавните тоалети биле како дувло за инфекции. Всушност, по инсталацијата на првите канализациите низ европски градови, смртните случаи предизвикани од колера и тифус драстично се намалиле.
Спирова С. | Црнобело