8 фасцинантни процеси во организмот кои докажуваат колку е неверојатно нашето тело
Смеата ја неутрализира болката, желудникот го штити организмот од штетни бактерии и микроби, а носот може да нè издаде кога кажуваме лаги – нашето тело навистина е неверојатно, а овие фасцинантни процеси само го докажуваат тоа.
А, со секој нов факт што го откриваме за нашето тело, станува појасно дека тоа е една навистина импресивна „машина“. Во секоја секунда, дури и кога спиеме, во телото се одвиваат илјадници процеси, а некои од нив навистина изгледаат неверојатно.
Во продолжение можете да дознаете за неколку вакви процеси кои ќе ви покажат колку е неверојатно нашето тело:
„Пинокио“ ефект
Кога Пинокио лаже, неговиот нос расте, но изгледа и кај луѓето носот може да ја издаде лагата. Според едно истражување, кога лажеме, областа околу носот и очите станува потопла, па ако некој нè гледа низ термална камера, би можел да нè „фати во лага“. Овој феномен е познато како „Пинокио“ ефект.
Смеата ја неутрализира болката
Изгледа не залудно велат дека смеата е најдобриот лек. Некои истражувања покажале дека кога се смееме се зголемува нашата толеранција на болка. Истовремено, резултатите покажале дека добриот хумор, односно гледањето комедии, слушањето вицови и слично, може да има позитивно влијание и врз луѓето со хронични болки.
И восокот во ушите си има своја задача
Иако треба редовно да ги чистиме ушите, не е препорачливо целосно да го отстрануваме ушниот восок од каналот. Оваа супстанца го штити ушниот канал од бактерии и надворешни влијанија, а со тоа и од инфекции.
Поради ова, најдобро е да ја чистите само ушната школка, односно делот што е видлив однадвор.
На нашето тело навистина му треба дремка после ручек
Скоро сите сме се почувствувале сонливо попладне, особено по ручек, а изгледа ова е сосема нормална појава. Во овој случај, ручекот нема никаква врска, туку нашиот циркадиски ритам – 24-часовниот циклус кој му кажува на организмот кога е време за спиење.
Истражувањата покажале дека околу 7 часови откако ќе се разбудиме наутро, овој ритам испраќа сигнали до мозокот кои прават да се чувствуваме поспано. Поради ова, повеќето луѓе се чувствуваат сонливо попладне.
И желудникот го штити нашиот организам
Нашиот имунолошки систем нè штити од болести, бактерии и голем број надворешни влијанија, а овде важна улога има и желудникот.
Имено, желудочната киселина го убива поголемиот број штетни микроби што ги внесуваме преку храната.
Во очите се наоѓа најбрзиот мускул
Најбрзиот мускул во нашето тело се наоѓа во окото и се нарекува orbicularis oculi. Ова е всушност мускулот што го контролира очниот капак.
Во просек, со помош на овој мускул трепнуваме околу 20 пати во минута, но тој може да се движи многу, многу побрзо.
Нашето тело има „амортизери“
Истражувачите од University of Sydney открија дека молекуларната структура на телото ни служи и како амортизер. Според научниците кои работеле на истражувањето, оваа структура објаснува зошто нашето ткиво може да биде во интеракција со тврди предмети, без да се распадне.
Наводно, молекулот на еластин има најголемо влијание во ова – тој ги прави ткивата поеластични додека се движиме, допираме нешто или, пак, се удираме од тврд предмет.
Носот има голема улога во сетилото за вкус
Сигурно сте забележале дека кога сте настинати, сетилото за вкус речиси и да не ви функционира. Причината е тоа што кога не чувствуваме мирис, се намалува ефикасноста и на сетилото за вкус.
Наводно, сетилото за мирис ни помага да почувствуваме дури 80% од вкусовите.
Спирова С. | Црнобело