Обиди за самоубиство, пластични операции – Факти и ретки фотки од животот на Мерилин Монро, која годинава ќе наполнеше 95 години
Спонтан абортус, неколку обиди за самоубиство, пластични операции и ниска плата – животот на најголемата холивудска ѕвезда бил далеку од совршен, а ако не згаснеше прерано, на први јуни годинава таа ќе го прославеше нејзиниот 95-ти роденден.
Мерилин беше актерка, модел и пејачка, а во 1950-тите и 1960-тите беше најголемиот секс симбол во светот на славните.
Таа беше најплатената холивудска актерка околу една деценија, а до нејзината смрт во 1962-ра, нејзините филмови заработија над 200 милиони долари. Ако се земе предвид инфлацијата, оваа сума би била над милијарда „денешни“ долари.
Животот на Мерилин згасна прерано и таа почина на 36-годишна возраст. Но долго по нејзината смрт, светот уште зборува за неа и младата актерка до денес е симбол за убавина.
Пo повод 95-тиот роденден, погледнете неколку забавни факти за Мерилин, но и неколку ретки фотографии од неа:
1. Нејзиното вистинско име е Норма Џин Мортенсон. Мерилин почнала да го користи уметничкото име во 1956 година, откако добила предлог од Fox Studios да го користи презимето на баба си – Монро. Името Мерилин било инспирирано од актерка од Њујорк.
2. Бидејќи нејзината баба имала многу психички проблеми и била во ментална установа, целиот свој живот Мерилин стравувала дека ќе ја снајде истата судбина. Слична е животната приказна и на нејзината мајка. Познато е дека Мерилин имала проблеми со менталното здравје, но многу поморничаво е што баба ѝ починала на 4-ти август, а Мерилин на 5-ти август, 35 години подоцна.
3. Иако сите ја гледаме Мерилин како „природна убавица“, во 1950-тие таа направила пластична операција. Наводно, Мерилин направила мала операција на носот, како и корекција на брадата.
4. Помеѓу колегите, Мерилин била позната како девојката која постојано доцни. Истовремено, таа си имала свои распореди за снимање кога работела на некој филм. Ова почнало да се случува откако станала светски позната, а режисерите кои соработувале со неа никогаш не знаеле со сигурност дали ќе се појави на снимање.
Кога, пак, ќе се појавела, брзале да снимаат што повеќе сцени пред да си замине. Се претпоставува дека причината за ова однесување се бројните психички проблеми.
5. Поради лошото однесување и неодговорноста, Мерилин си добила отказ од последниот филм на којшто работела – Something’s Got to Give.
6. Иако била една од најголемите ѕвезди, Мерилин добивала значително пониска плата од нејзините колешки. На пример, Елизабет Тејлор добила 1 милиони долари за улогата во Cleopatra, а на Мерилин ѝ понудиле 100.000 долари за Something’s Got to Give.
7. Причината за смртта на Мерилин е самоубиство, а актерката неколкупати се обидела да си го одземе животот. Се верува дека првиот обид е во 1950 година, по смртта на Џони Хајд – нејзиниот агент и тогашен дечко. Наводно, Мерилин имала уште неколку обиди потоа, од кои причината за едниот е спонтан абортус.
8. Мерилин била страстен читател и по нејзината смрт се утврдило дека има библиотека со над 400 книги.