„Ќе сфатиш дека твоите родители биле во право за многу работи“ и уште 12 животни лекции
Повеќето идеи што ќе ти дојдат во глава „на пијано“ се лоши и не треба да ги реализираш.
Со текот на годините учиме разни животни лекции. Која е најважната лекција што сте ја научиле вие досега?
Интересни животни мудрости кои или сте ги научиле или ќе ги научите допрва:
- Возможно е да се истренираш себе да направиш речиси сѐ.
- Ќе сфатиш дека твоите родители биле во право за многу работи.
- Но, и дека погрешиле за некои работи, и тие се само луѓе, не се совршени.
- Само затоа што мислиш нешто, не значи дека треба да го кажеш на глас.
- Луѓето ќе доаѓаат и ќе си одат од твојот живот и ти не можеш да направиш ништо во врска со тоа.
- Повеќето идеи што ќе ти дојдат во глава „на пијано“ се лоши и не треба да ги реализираш.
- „Не го сакам тоа“ е доволно добро објаснување за да не направите одредена работа.
- Кога си нерасположен, тешко е да останеш нерасположен ако гледаш смешни видеа со деца или животни.
- Ничиј живот не е така добар како неговиот Инстаграм профил.
- Твојот живот драстично ќе се подобри кога ќе научиш да се ставаш себеси на прво место.
- Сосема е возможно да го промениш својот живот комплетно на било која возраст само ако доволно сакаш.
- Верувањето на својата интуиција речиси никогаш нема да те одведе во погрешна насока.
- Сосема добро го живееш животот.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com