Зошто седиштата се најчесто сини и уште 7 интересни факти за авионите и нивниот дизајн што сигурно не ги знаевте
Навидум сите авиони ни изгледаат исто, но ако обрнете внимание ќе сфатите дека се разликуваат во многу ситници.
Големина на прозорци, простор помеѓу седиштата, дизајнот на кабината – сето ова се нешта што можат да се разликуваат од авион до авион.
Во продолжение погледнете неколку забавни факти за авионите и нивниот дизајн што сигурно не ги знаевте:
Дизајн на кабината
Авионите за подолги летови обично имаат попространи кабини. На пример, ѕидовите од авионот често се заболени за патниците да имаат повеќе простор околу себе, но и за поудобно да можат да си ја навалат главата.
Седишта
Обично на подолги летови патниците летаат со авион каде што седиштата се поставени на поголемо растојание. Ова им овозможува повеќе простор за нозете и покомфорно седење.
Циркулација на воздухот
Сигурно и самите имате забележано дека воздухот во авионите може да биде многу сув. Сепак, постојат и модели со посебни системи за вентилација кои колку-толку го навлажнуваат воздухот. Целиот воздух, пак циркулира низ авионот за три минути во просек.
Различни прозорци
Иако сите прозорци ни изгледаат исто, некои патнички модели имаат и до 30% поголеми прозорци. Најчесто кај овие модели нема пластична преграда за прозорците, туку се затемнуваат автоматски.
Седишта со вграден екран
Не сите авиони имаа седишта со вграден екран и најчесто ова е детаљ во авионите за подолги летови. Причината е очигледна – им овозможуваат некаква разонода патниците, како гледање филмови, додека трае долгото патување.
Зошто авионите кружат пред да слетаат?
Сигурно сте се запрашале зошто авионот прави неколку кругови над својата дестинација, наместо веднаш да слета на пистата. Ова најчесто се случува кога на пистата нема место за слетување, па авионот чека ред. Во поретки случаи, кружењето е поради отежнато или оневозможено слетување од некаков проблем
Зошто седиштата најчесто имаат сина боја?
Постои причина за сината боја на седиштата – нејзините релаксирачки својства. Сината боја делува смирувачки, па патниците се чувствуваат поудобно.
Што означуваат буквите кај класата на авионскиот билет?
Покрај вашите лични податоци, билетот содржи и детали за летот, како класата. A и F значат прва класа, Y значи економска, а Р - премиум економска класа.
Спирова С. | Црнобело