„Мајка – банка во која сите ги оставивме сите наши болки и грижи“
„Кога едно малечко девојче го прашале каде е нејзиниот дом, одговорило: Таму каде што е мама.“ - веруваме во тоа дека секој ден е Ден на мајката, со оглед на нејзината безусловна љубов и безрезервна поддршка низ животот.
Најмалку што можеме да направиме е да ја славиме нејзината големина низ неколку цитати.
Споделете со вашата една и единствена – мајка...
„Кога размислувате за жената на вашиот живот, дозволете ѝ на вашата мајка да конкурира за таа висока позиција.“
„Судбината на детето секогаш е мајчино дело.“
„Јавете ѝ се на вашата мајка. Кажете ѝ дека ја сакате. И запомнете дека вие бевте единствената личност која ги слушаше отчукувањата на нејзиното срце, иако не бевте на овој свет.“
„Сите жени стануваат како своите мајки. Тоа е нивната трагедија. Ниту еден маж не станува како својата мајка. Тоа е нивната трагедија.“
„За мајчиното око, срцето на детето е јасно провидно.“
„Мајките никогаш не се сами во своите мисли. Секогаш размислуваат двапати – еднаш за себе, еднаш за своето дете.“
„Мајка – тоа е банка во која сите ги оставаме сите наши болки и грижи.“
„Кога едно малечко девојче го прашале каде е нејзиниот дом, одговорило: Таму каде што е мама.“
„Мајчината љубов е гориво кое му овозможува на човекот да го направи невозможното.“
М. Д. | Црнобело