Факти за човечкото тело за кои научниците немаат објаснување (втор дел)

Ако ви беше малку првиот дел на забавни факти, ова се уште неколку фасцинантни работи кои нашето тело може да ги направи, а за кои научниците немаат најдено дефинитивно објаснување.

fakti-za-coveckoto-telo-za-koi-naucnicite-nemaat-objasnuvanje-vtor-del-001.jpg

Секогаш е добро време да научите нешто ново...

1. Зошто на жените им растат градите, а на мажите не?

Секако, има повеќе теории, но ниту една не е доволно добра за сите научници да се сложат едногласно. Кај сите цицачи, градите на женките се зголемуваат само за време на бременост и додека дојат, а потоа се враќаат во првобитната големина. Но кај жените, градите почнуваат да растат во пубертетот и се со приближно иста големина целиот живот. Па која е причината за ова?

Една од теориите е дека развивањето на градите кај жените е знак дека се подготвени да станат мајки, односно да си го нахранат своето дете. Според некои претпоставки, градите на нашите предци најверојатно почнале да растат кога почнале да одат исправено, односно кога половите органи веќе не биле толку видливи. Според ова, градите веројатно им покажувале на мажите која жена е зрела за да раѓа.

Друга теорија е дека градите на жените им служат за складирање на маснотии, односно енергија. Освен кога дојат и имаат млеко, женските гради се всушност само масно ткиво.

fakti-za-coveckoto-telo-za-koi-naucnicite-nemaat-objasnuvanje-vtor-del-01.jpg

2. Зошто понекогаш се сецкаме, неколку секунди откако ќе заспиеме?

Непосредно пред да потонете во длабок сон, сигурно ви се има случено да се сецнете и да се разбудите бидејќи имате чувство дека паѓате. Ова го имаат искусено преку 70% од луѓето, но никој нема точно објаснување зошто.

Некои научници го поврзуваат со стрес и анксиозност, други со активност пред спиење, трети со слаб, нездрав сон, додека сосема четврти велат дека виновни се никотинот и алкохолот.

Има и такви кои ова сецкање го гледаат како превентива за да не заспиете во опасна позиција. Односно, можеби оваа појава се развила кај нашите предци за да го спречи паѓањето ако заспијат на опасно место како, на пример, дрво.

fakti-za-coveckoto-telo-za-koi-naucnicite-nemaat-objasnuvanje-vtor-del-02.jpg

3. Зошто некои луѓе немаат отпечатоци на прстите?

Ова е многу ретка појава и регистрирани се само неколку случаи во целиот свет, па тешко се наоѓа поврзаност помеѓу нив.

Досега, откриено е само дека се работи за некаква ДНК мутација на протеин одговорен за создавањето на отпечатоците на прстите. Сепак, уште не е јасно каква е точната улога на овој протеин во тој процес.

fakti-za-coveckoto-telo-za-koi-naucnicite-nemaat-objasnuvanje-vtor-del-03.jpg

4. Како човек може да преживее повеќе од 1 година, без храна?

Во 1966-та година, Ангус Барбиери не консумирал тврда храна цели 382 дена, а за тоа време изгубил 118 килограми. Бил надледуван од група доктори и за време на процесот консумирал само чај, кафе, вода и витамини. Единствено му било дозволено малку млеко и шеќер во чајот.

Од друга страна пак, научниците велат дека по 8 до 12 часа без храна, телото почнува да ги користи шеќерите и амино-киселините кои ги има во резервите.

Па, ова повлекува еден мал милион на прашања, помеѓу кои и тоа дали луѓето со прекумерна тежина подолго би преживеале глад, отколку просечно или потпросечно слабите луѓе?

fakti-za-coveckoto-telo-za-koi-naucnicite-nemaat-objasnuvanje-vtor-del-04.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg