Во минатото се облекувала ужасно, во јавност не се насмевнала од '98 година – факти за модната кралица Викторија Бекам

Родена како Викторија Адамс на 17 април – 1974 година, славата ја претвори во Пош Спајс a брачниот живот го трансформираше нејзиното име во Викторија Бекам.

Vo-minatoto-se-oblekuvala-uzhasno-vo-javnost-ne-se-nasmevnala-od-1998-godina-interesni-fakti-za-modnata-kralica-Viktorija-Bekam 01 630x330.jpg

Култната кралица на модата својата кариера ја започна како член на познатата женска група Spice Girls, за по нејзиното распаѓање да изгради своја модна империја.

Vo-minatoto-se-oblekuvala-uzhasno-vo-javnost-ne-se-nasmevnala-od-1998-godina-interesni-fakti-za-modnata-kralica-Viktorija-Bekam 02 630x380.jpg

И секако, да не заборавиме на нејзината љубовна приказна од бајките, крунисана со брак кој трае речиси 22 години, чиј плод на љубовта на Дејвид и Викторија се прекрасните Бруклин, Ромео, Круз и Харпер Бекам.

Vo-minatoto-se-oblekuvala-uzhasno-vo-javnost-ne-se-nasmevnala-od-1998-godina-interesni-fakti-za-modnata-kralica-Viktorija-Bekam 03 630x380.jpg

Во продолжение за вас ги издвоивме најинтересните, несекојдневни факти за прекрасната Викторија Бекам:

1. Нејзиното средно име е Каролин, а прекарот „Пош“ го добила во средно училиште кога татко ѝ ја носел на часови во Ролс Ројс.

Имено, Викторија мрази да ја нарекуваат Вики, а сака да ја викаат Пош.

2. Сè започнало со филмот Fame, кога осумгодишната Викторија изјавила дека сака да биде како Коко, актерката во филмот која совршено танцува, изгледа и пее.

Vo-minatoto-se-oblekuvala-uzhasno-vo-javnost-ne-se-nasmevnala-od-1998-godina-interesni-fakti-za-modnata-kralica-Viktorija-Bekam 04 630x380.jpg

3. Музичките почетоци на Викторија биле во групата Persuasion, која броела три члена, двајца момци и Викторија.

Тие настапувале во клубови, а највпечатлива им била песната Be The One.

4. Во младоста, Викторија менувала повеќе работни места. Таа била промотор за Daily Mirror, работела во парфимерија и се грижела за нејзината сестра.

5. Верувале или не, Викторија била „буцка“. Иако сега е екстремно слаба, како тинејџерка таа била една од пополничките девојки.

Имено, таа се борела со здравствен проблем, односно хормонални нарушувања од кои подоцна се ослободила.

Vo-minatoto-se-oblekuvala-uzhasno-vo-javnost-ne-se-nasmevnala-od-1998-godina-interesni-fakti-za-modnata-kralica-Viktorija-Bekam 05 630x380.jpg

6. Пред идиличната приказна со Дејвид, Викторија била „неуспешно“ верена со Марк Вуд.

7. Викторија се облекувала „ужасно“. Кој би рекол дека сегашната модна икона порано се облекувала благоречено катастрофално.

Таа се нашла дури и на списокот на најлошо облечени жени во 2007 година.

Vo-minatoto-se-oblekuvala-uzhasno-vo-javnost-ne-se-nasmevnala-od-1998-godina-interesni-fakti-za-modnata-kralica-Viktorija-Bekam 06 630x380.jpg

8. Кумови на нејзините деца се Елтон Џон, Елизабет Харли и Ева Лонгорија.

9. Викторија на своето тело има 2 тетоважи посветени на нејзиниот сопруг, единствениот Дејвид Бекам.

Vo-minatoto-se-oblekuvala-uzhasno-vo-javnost-ne-se-nasmevnala-od-1998-godina-interesni-fakti-za-modnata-kralica-Viktorija-Bekam 07 630x380.jpg

10. Викторија последен пат се насмевнала во јавноста кога таа и Дејвид ја објавија нивната свршувачка, односно во 1998 година. Сепак, во последно време ова се менува и многу почесто можеме да ја видиме благо насмеана. 

Vo-minatoto-se-oblekuvala-uzhasno-vo-javnost-ne-se-nasmevnala-od-1998-godina-interesni-fakti-za-modnata-kralica-Viktorija-Bekam 08 630x380.jpg

11. Tаа е вегетаријанец кој се обидел да стане веган, но во главно сега консумира зеленчук и риба.

12. Во 2008 година Викторија се појавила на 3 насловни страници на магазинот Vogue (британски, индиски и руски)

13.  Нејзините родители се сè уште лудо заљубени.

„Моите родители се заедно со години и години. Тие се многу среќни. Сè уште седат пред ТВ и се држат за рака, што е навистина слатко. Тие отсекогаш биле одлични родители“.

14. Викторија и Дејвид Бекам важат за еден од најистакнатите љубовни парови ширум светот, чиј пример за љубов неретко е обелоденет и од страна на нивните колеги.

Vo-minatoto-se-oblekuvala-uzhasno-vo-javnost-ne-se-nasmevnala-od-1998-godina-interesni-fakti-za-modnata-kralica-Viktorija-Bekam 09 630x380.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg