„Луѓето чекаат цела недела да дојде петок, цела година да дојде лето и цел живот за да се среќни“ – 10 мудри мисли на Умберто Еко

Пред 5 години, во 2016 година, светот го загуби еден од најбрилијантните книжевни умови во историјата – големиот италијански великан Умберто Еко. Тој беше роден во 1932 година во Алесандро, Италија.

10-mudri-misli-na-Umberto-Eko-01.jpg

Неговиот најпознат роман е „Името на розата“ којшто е и екранизиран со Шон Конери во главната улога.

„Фукоовото нишало“, „Остров на претходниот ден“, „Баудолино“, „Нултиот број“ се само дел од останатите маестрални дела на Еко.

Интересно е што Еко имал огромна библиотека која броела околу 50.000 книги. Бил страстен читател и колекционер, кој уживал во пишаниот збор.

Честопати за книгите велел дека се неговиот најдобар пријател.

„Луѓето чекаат цела недела да дојде петок, цела година да дојде лето и цел живот да се среќни“.

„Ме фасцинира глупавоста, затоа што е бесконечна“.

„Ништо повеќе не му дава храброст на исплашениот човек како туѓиот страв“.

„Лудаците и децата секогаш ја кажуваат вистината“.

„Кога човек ќе престане да верува во Бога, тоа значи дека престанал да верува во што било. Тогаш тој верува во сè“.

„Вештината да лажеме е едно од ретките нешта што нè одвојуваат од животните“.

„Новите технологии го убиваат размислувањето“.

„Човек кој не чита живее само еден живот. Читателот живее 5000“.

„Има само една работа што ја пишувате за себе, а тоа е списокот за пазарување“.

„Колку мирен би бил животот без љубов! Колку безбеден, спокоен… и колку здодевен!“

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg