Зошто чувствуваме „пеперутки во стомакот“ и уште 9 забавни факти што можеби не ги знаете
6. Познатиот француски актер Жан Рено воопшто не потекнува од Франција. Неговото вистинско име е Хуан Морено и тој е роден во Мароко. Неговите родители потекнуваат од Шпанија, а тој живее во Франција од неговата 17-та година.
7. Главните состојки на популарниот слатко-кисел сос кој најчесто го гледаме во кинеските ресторани се кечап и сок од ананас.
8. Кога чувствуваме „пеперутки во стомакот“, крвните садови околу желудникот и цревата се стеснуваат, со што се намалува дотокот на крв. Истовремено, мускулите во тој предел се стегнуваат. Ова настанува поради таканаречениот „бори се или бегај“ одговор на нашето тело, кoj се активира кога сме соочени со опасна ситуација. Но, одговорот се активира и кога чувствуваме силни емоции – како љубов.
9. Кога нашиот јазик е опуштен, тој е всушност залепен за горниот дел од усната празнина, а не „легнува“ на долниот. Ако не верувате, пробајте и сами – опуштете ги мускулите во јазикот и ќе забележите каде се позиционира.
10. Гратчето Бикини Ботом во популарниот цртан за сунѓерот Боб е направено од автомобилски придушувачи кои биле фрлени на дното на океанот.
Спирова С. | Црнобело