Земаат плата, можат да бидат на сетот само 2 часа: 10 забавни факти за бебињата актери
Постои личност одговорна за смеењето и плачењето на бебињата
Бебињата се непредвидливи и тешко дека ќе ги натерате да направат нешто. Затоа, филмските студија најмуваат експерти кои можат да го натераат бебето да се насмее или да заплаче.
Елајн Хол е жена која го работи ова. Таа вели дека кога детето треба да се смее, обично му прави гримаси. Ако треба да заплаче, таа почнува да плаче и најчесто детето ја имитира. Штом камерманот ќе ја сними реакцијата, Елајн веднаш го смирува детето со играчки и слично.
За улога на новороденче се најмуваат предвремено родени бебиња
Веќе напоменавме дека во САД бебето мора да биде постаро од 15 дена за да се појави во филм, што значи режисерите не смеат да користат новороденчиња.
Во ситуации кога им треба сцена со новороденче, тие најчесто најмуваат предвремено родени бебиња бидејќи обично се помали.
На сетот секогаш има и кукла
Ако не е неопходно да се прикаже лицето на бебето, на филмскиот сет често се користат реалистични кукли од силикон. Ова е многу поедноставно и за актерите, и за режисерите.
Добиваат плата
Како и секој актер, и бебињата добиваат плата кога се појавуваат во филм. Не е регулирано колкава плата треба да им се дава на бебињата актери, но според некои извори, тие се платени како статисти, односно добиваат околу 200 долари за перформансите.
Сепак, некои извори тврдат дека ако бебето глуми во позната серија и се појавува често, може да добива и до 300 долари дневно.
Родителите не можат да ја трошат нивната плата
Веројатно претпоставувате дека парите што ги добиваат бебињата завршуваат кај родителите, но законот ги штити најмладите актери. Имено, според законот во САД, 15% од платата што ќе ја добие бебето оди на посебна сметка, до која родителите немаат пристап. Бебето може да ги користи парите откако ќе стане полнолетно.
Овој закон стапил на сила поради Џеки Куган – дете актер кое заработило многу пари во ерата на немите филмови, но неговите родители ја трошеле целата негова заработка. Па, за да го заштитат Џеки и другите деца или бебиња актери, во САД го донеле овој закон.
Спирова С. | Црнобело