Земаат плата, можат да бидат на сетот само 2 часа: 10 забавни факти за бебињата актери
Бебињата актери одат на аудиции, земаат плата и нивното време на сетот е ограничено на само неколку часа.
Вo многу филмови и серии се појавуваат бебиња. Некогаш е јасно дека актерите држат кукли во рацете, но некогаш е неопходно да се сними и вистинско бебе. Во овие ситуации се најмуваат бебиња актери, но постојат многу правила и закони кои филмските студија и режисерите мораат да ги почитуваат.
Па, погледнете што сè се случува зад камерите кога во холивудските филмови треба да се појави и бебе актер:
Потребна е дозвола, но и лекарско уверение
Ако режисерот сака во неговиот филм да има бебе, мора да ги почитува законите, а во повеќето држави во САД ова е дозволено. Сепак, на некои места законите се разликуваат. На пример, во Калифорнија детето треба да биде постаро од 15 денови за да може да се појави во филм.
Истовремено, потребно е и лекарско уверение кое докажува дека бебето нема никакви здравствени проблеми.
Нивното време на сетот е ограничено
Возрасните актери можат да снимаат и цел ден, но за бебињата важат други правила. Како и во претходниот случај, и овојпат секоја држава во САД има различни закони. Во Њујорк, на пример, бебињата на возраст од 15 дена до 5 месеци можат да учествуваат во снимањето 20 минути дневно, а на сетот не смеат да ги задржат подолго од два часа.
Откако ќе наполнат шест месеци, можат да снимаат 2 часа дневно, а да останат на сетот најмногу 4 часа. Истовремено, бебињата мораат да имаат одмор од најмалку 12 часа помеѓу две снимања.
Со бебето секогаш мора да има возрасен кој ќе се грижи за него
Ова е веќе логично – за време на снимањето секогаш мора да има возрасен кој ќе се грижи за бебето. Во некои држави во САД секогаш мора да има и медицинско лице кое ќе ја набљудува здравствената состојба на бебето.
Неретко се најмуваат бебиња близнаци
Бидејќи филмските студија се ограничени со време кога работат со бебиња, многу поедноставно е да најдат близнаци. На овој начин ќе можат да снимаат повеќе сцени во еден ден, без да ги прекршуваат правилата.
Ваков е случајот со серијата Friends, каде што ќерката на Рејчел, Ема, всушност ја глумат две бебиња близнаци.
И бебињата одат на аудиција
Нормално, бебето не може да покаже талент за глума, но на аудициите се обрнува внимание на други работи, во зависност од потребите на режисерот. Неретко се обрнува многу внимание на тоа како се однесува детето во присуство на странци, без неговите родители. Ако е мирно, поголема е веројатноста да го изберат. Ако постојано плаче, веројатно нема да ја добие улогата.