Посетувал затвор, пливал со ајкули – факти за маестралниот Џејсон Стејтам, кој ги изведува сам филмските акробации
Британскиот актер Џејсон Стејтам, неприкосновено претставува симбол на холивудските, акциони филмови.
Роден е на 26 јули, 1967 година во Лондон, и уште како дете имал неверојатни афинитети кон спортот – што всушност денес е доказ за неговата беспрекорно одржана линија.
The Transporter, The Fate of the Furious, Expendables, Crank и многу други филмови од неговото досегашно портфолио, на овој извонреден актер му доделија „мачо“ улоги, на кои едноставно не можеме да останеме рамнодушни.
Повеќе од 10 години негов љубовен партнер е прекрасниот модел Роузи Хантингтон Вајтли, со која имаат 3-годишно синче.
Интересен е фактот што Џејсон својата актерска кариера ја започнал на своја 32-годишна возраст. Пред да навлезе во светот на камерите и глумата, тој имал навистина интересно минато.
Во продолжение, за вас ги издвојуваме најинтересните факти за животот на маестралниот Џејсон Стејтам:
Во младоста, Џејсон бил професионален нуркач кој ја претставувал Велика Британија
Тој бил член на Британскиот национален тим за нуркање цели дванаесет години.
Во едно од неговите интервјуа тој изјавува дека нуркањето за него претставува огромно искуство и дека токму оттаму научил што претставуваат дисциплината и фокусот.
Заедно со својот татко и брат основале бенд
Во раните тинејџерски години, Стејтам и неговото семејство одлучиле да основаат бенд. Тој ја презел улогата на тапанар, неговиот брат свирел гитара, а пак татко му пеел.
Паднал на тестовите за возачки испит цели 3 пати
Имено, пред полагањето на возачките тестови, Џејсон нелегално возел автомобил повеќе од две години. Неговото „улично“ возење придонело тој неколкупати да потклекне на испитот.
Џејсон Стејтам ги изведува сите свои филмски акробации
За разлика од повеќето филмски sвезди, Стејтам никогаш не побарал каскадер.
Всушност, тој отиде дотаму што јавно зборуваше против актерите кои не умеат до крај да ги исполнат своите улоги, велејќи: „Тие не го прават она што всушност треба да го прават“.
Со оваа изјава, Џејсон јасно нагласи дека за вистински супер херои ги смета единствено актерите кои лично ги изведувале свои филмски акробации.
Посетил вистински затвор со цел да се подготви за предвидената улога
Уште еден доказ за неговото брилијантно, актерско место под филмското небо.
Никогаш неподготвен, Стејтам решил опширно да истражува за неговиот претстоен дел во филмот Death Race, така што посетувал затвор во Калифорнија.
Тој бил машки модел
Откако бил забележан на еден од нуркачките настани, Џејсон бил одбран за машки модел.
Иако тој не го поседувал конвенционалниот изглед кој всушност го бара моделството, се чини дека токму „грубиот“ стил на Стејтам бил токму тоа по што трагале агенциите.