Затоа што сте спремни заедно да „горите“ во пеколот - 20 вистини во кои ќе се пронајдат најдобрите пријатели
Најдобрите пријатели се вистинско животно богатство. Нивното присуство е секогаш тука да нѐ потсети дека всушност, никогаш не сме сами.
Кога животот ќе ни „посее“ неизмерна среќа, тие се тука да се радуваат со нас, а од друга страна умеат да бидат незаменливо рамо за плачење, во оние неочекувани удари кои истиот ни ги приредува.
Најдобрите пријатели се дел од нас, па не е ни чудно што најчесто тие нѐ познаваат подобро отколку ние, самите себеси.
За вистинскиот пријател не секогаш се потребни зборови, доволен е само еден поглед – кој умее да раскаже цела приказна.
Сите пријатели имаат свои интересни „шифри“, знаци, едноставни нешта со различна симболика, но постојат таканаречените универзални карактеристики во кои ќе се пронајдат само вистинските најдобри пријатели.
Вие сте најдобри пријатели бидејќи:
1. Се смеете додека не ве здоболи стомакот (во најчести случаи, работите за коишто се смеете не се нималку смешни за останатите).
2. Бидејќи тежината на злосторството е огромна доколку „скришно“ се изгледа новата епизода на вашата омилена серија.
3. Го сакате најдоброто еден за друг, па многу често не избирате зборови и сте брутално искрени.
4. Се разбирате без да изустите ниту еден збор.
5. Едноставно, вие сте совршена комбинација.
6. Навистина, знаете премногу за вашиот најдобар пријател, а и тој за вас.
7. Имате посебни прекари за одредени луѓе коишто само вие ги користите.
8. Врескате при првата нота на вашата омилена песна и заедно шизите до лудило.
9. Сосема нормално е една секунда да сте лути едни на други, а веќе следната да се смеете хистерично.
10. Го имате истиот израз на вашите лица кога ќе видите една од помалку симпатичните личности, чиј избор е секако заеднички.
11. Вашиот (брачен) партнер кога-тогаш сфаќа дека во врската постои и трета личност.
12. Затоа што долунаведената фотка кажува повеќе од 1000 зборови (не дека го оправдуваме, но, тоа е реалноста...).
13. Обострано си препишувате разни, не толку пријатни епитети, кои никој друг не смее да ги изговори.
14. Заедно замислувате какви комични „неволји“ ве очекуваат до крајот на животот.
15. Кога „не кажувај никому“ воопшто нема потреба да се изговори.
16. Заедно заглавувате до ниедно време, а потоа се натпреварувате кој ќе смисли подобра „бела“ лага.
17. Затоа што сте спремни заедно да „горите“ во деветтиот круг од пеколот.
18. Постојат приказни кои секогаш ги раскажувате одново и секојпат се смеете сѐ повеќе и повеќе.
19. Измислувате посебен јазик кој само вие го разбирате.
20. Бидејќи, едноставно сте сродни души кои се пронашле за заедно да остарат.
Мила М. | Црнобело