„Сè што можам да направам е да се поклонам пред храброста на мојата сопруга “ - Љубовни цитати од ѕвездите за нивните сакани
Без никаков сомнеж, љубовта е најубавото чувство коешто артикулира насекаде околу нас.
Колку и да сметаме дека повеќето љубовни двојки од „познатиот“ свет се лажирани за поголем публицитет, сепак постојат и такви кои со години цврсто газат по патот на љубовта и многупати ја докажале својата истрајност.
Всушност, на крајот од денот и тие се „обични“ луѓе жедни за љубов и внимание, зарем не?!
Никој од нас не може да остане имун на топло признание од саканата личност.
Тоа се моменти за кои навистина вреди да се живее.
Во продолжение ви издвојуваме неколку цитати од светски познатите личности посветени кон своите сакани половини:
1. Tом Хенкс за Рита Вилсон
„Оваа жена ме сакаше слаб, ме сакаше дебел. Таа ме сакаше ќелав, ме сакаше влакнест. Оваа жена знам, ме сака. Значи, јас сум среќен човек“.
„Сè што можам да направам е да се поклонам пред храброста на мојата сопруга“.
2. Џон Леџенд за Криси Тајген
„Таа е вистинската. Јасно е! Меѓу нас постои чудесна хемија. Таа прави да се смеам цело време. Таа е прекрасна мајка. Таа е моја најдобра пријателка“.
3. Дејвид Бекам за Викторија Бекам
„Како успеав да останам маж само на една жена? Таа е моја најдобра пријателка, дали би ја повредиле вашата најдобра пријателка?“
4. Барак Обама за Мишел Обама
"Очигледно е, не ќе можев да сторам ништо од ова без Мишел. Не само што беше одлична прва дама, таа е едноставно мојата карпа. Можам да сметам на неа секојдневно, во врска со многу работи.“
5. Рајан Рејнолдс за Блејк Лајвли
„Но, кога станавме родители се заљубив во Блејк повеќе од кога било во целиот мој живот. Навистина не можев да си поверувам.“
6. Џорџ Клуни за Амал Клуни
„Размислувам... Знаете, кога ја запознав веднаш воочив дека е толку извонредна и посебна. Тогаш се прашував дали некогаш ќе имам шанса да излезам со неа.“
7. Ник Џонас за Пријанка Чопра
„Тоа беше некаков момент. Веднаш знаев дека имам партнер за цел живот, мој соиграч, некој со кого би можел да поминувам низ добрите и лошите времиња, а тоа всушност е клучот“.
8. Џастин Бибер за Хајли Бибер
„Ти си љубовта на мојот живот, Хејли Болдвин, и не би сакал животот да го поминам со никој друг. Ме правиш многу подобар и толку добро се надополнуваме! Со нетрпение ја чекам следната сезона во животот којашто допрва ни доаѓа!“
9. Орландо Блум за Кети Пери
„Таа е неверојатна. Јас сум навистина горд на нејзината работа. Таа е извонредно човечко суштество!“
10. Џастин Тимберлејк за Џесика Бил
„Таа е единствената најзначајна личност во мојот живот. Не сакам да кажувам многу, затоа што морам да ги заштитам работите коишто ми се драги - на пример, таа.“
Мила М. | Црнобело