12 безвременски мудрости на великанскиот актер Небојша Глоговац
Пред само неколку дена се навршија цели три години од смртта на маестралниот српски актер, Небојша Глоговац.
фото: biografija.org
Оваа автентична, актерска легенда достигна врховен статус во доменот на својата професија, благодарение на неговиот неоспорен талент и ретката способност за целосно трансформирање на сцената, истовремено промовирајќи ја едноставната природа и веродостојност.
„Буре Барут“, „Кад порастем бичу кенгур“, „Kругови“, „Породично благо“ се само неколкуте ремек-дела од обилното филмско и театарско портфолио, кои го отсликуваат легендарниот Небојша Глоговац.
Патот до вечноста е во делата на човекот и во она што тој ќе го остави позади себе, зарем не?!
Покрај неверојатниот актерски труд кој го остави зад себе, Глоговац ќе го паметиме по изречените животни мудрости кои уште долго ќе продолжат да се цитираат.
Во продолжение ви издвојуваме неколкумина од нив:
„Животот е како молив, секој ден станува сè пократок. Обидете се да нацртате нешто убаво додека сè уште постои...“
„Ако мрачиш - мрачно е. Ако сјаеш – сјајно е. До тебе е“.
„Понекогаш, без разлика на тоа колку сте драги, колку сте љубезни, колку сте грижливи, колку сакате, тоа едноставно не е доволно за некои луѓе...“
„Душата е сето она што нè привлекува кон љубовта, идеалите, љубезноста, филантропијата, емпатијата“.
„Денешниот свет е тотално комерцијализиран и за жал таканаречената надворешна обвивка е најважна“.
„Невозможно е чувствата секогаш да се покажуваат во полн интензитет, исто како што е невозможно да се зборува само вистината, бидејќи тоа би бил екстремно брз пат до лудило или прогонство“.
„Знаеш како се станува вистински шампион? Така што излегуваш на терен кога е најтешко... И победуваш!“
„Љубовта е занемарена, односно обезвредена. Сите тие возвишени и неопипливи вредности на човечкиот дух – како храброста, искреноста, верноста. Безусловното пријателство и љубовта – денес се исмејувани и не се популарни.“
„Ако некој не може да најде време за вас, не вреди да го чекате“.
„Ако човек во текот на својот живот усреќи барем една личност, тогаш неговиот живот имал смисла“.
„Секогаш бидете добри. Без разлика дали некој ќе ви се заблагодари или не, ќе запомни или не, ќе ви возврати или не. Некаде сето тоа се запишува!“
„Со кучињата не морам да глумам!“
Мила М. | Црнобело