Животни мудрости од најубавата жена, Моника Белучи
За жал, живееме во време кога важи стереотипот дека убавината и мурдоста не одат заедно. За среќа, бариерите ги крши една од најубавите жени во светот, Моника Белучи.
Ова се нејзините мудрости кои немаат никаква врска со нејзината убавина:
Времето ги уништува сите работи. Да речеме, имате црвено јаболко. По извесно време тоа ќе се собере, расипе и ќе го нападнат црви. Исто е и со луѓето.
Додека работев како модел, никогаш не чувствував дека кон мене се однесуваат како кон предмет.
Адвокатите се одлични актери. Мораат секој ден да глумат. Нема голема разлика помеѓу сцената и судницата.
Неодамна ќерка ми ми рече: „Мама, јас сакам да бидам како тебе. Не сакам да работам. Сакам да бидам мајка. И кога ќе пораснам, ќе работи мојата ќерка.“ Тоа е прекрасно, таа смета дека јас не работам.
Ги почитувам тајните. Нив умеат да ги чуваат само дораснати луѓе.
Никогаш не би посакала повторно да имам 20 години. Сега сум многу посреќна, отколку тогаш, бидејќи на таа возраст се спознаваме себеси, се обидуваме да разбереме што сакаме да бидеме, патиме од несигурност. Сега точно знам што ми е потребно – а без што можам да живеам.
Нам ништо не ни припаѓа – ниту нашите сопрузи, ниту децата. Само можеме да ги поделиме со луѓето кои ги сакаме.
За мене да остареш значи да станеш подобра.
Не треба да ги мразите луѓето кои ви завидуваат – тие ви признаваат дека сте подобри.
Убавината станува поекспресивна и поинтересна кога е прекриена со облека.
Што ќе правам кога ќе остарам и кога мојата слика во огледалото веќе нема да ме радува? Истото што го правела и мојата мајка. Нема да се гледам во огледало – ќе ги гледам моите деца.
Не ги разбирам жените кои велат дека мажите сакаат да ги понижат. Мислам дека тие, едноставно, не се во склад со себе.
Морате да бидете попустливи. На крајот од краиштата, кои сме ние – луѓе кои се обидуваат да одржат рамнотежа на топка, која сама се врти со страшна брзина, патувајќи низ Универзумот. Кој во такви услови може да биде совршен?
М. Д. | Црнобело