Јазикот е многу добра работа, само доколку не е женски“ – мудроста низ безвременските цитати на Чарлс Дикенс
Чарлс Дикенс (1812-1870) е еден од најзначајните британски писатели на 19 век, критичар на општествената неправда на викторијанската ера.
Тој воедно е и еден од најпознатите писатели на сите времиња. Неговите безвременски дела како „Оливер Твист“, „Дејвид Коперфилд“, „Приказна за два града“ и „Божиќна приказна“ се дел од речиси секој образовен односно наставен план во светски рамки.
Животот на Дикенс доживеал пресвртница во моментот кога како 12-годишно дете бил принуден да го прекине школувањето и да работи во фабрика за обувки бидејќи неговиот татко завршил во затвор поради многуте долгови.
Дикенс ја запознал мрачната страна на сиромаштијата и станал најжесток гласноговорник на сиромашните на своето време. Ова го сменило целиот негов живот.
Можеби затоа неговите цитати ќе ви делуваат мошне актуелно и ќе се пронајдете во нив:
Електронската комуникација никогаш нема да го замени лицето кое со својата душа ја охрабрува другата личност да биде храбра и искрена.
Постојат книги чии насловни страници и задни корици се најдобриот дел од нив.
Јазикот е многу добра работа, само доколку не е женски.
Кога не би постоеле лоши луѓе, не би постоеле и добри адвокати.
Да скријам нешто од оние луѓе со кои сум поврзан не е дел од мојата природа. Никогаш не би можел да ги затворам своите усни пред оние на коишто сум им го отворил моето срце.
Болката при разделбата не е ништо во споредба со радоста при првата прилика за повторна средба.
Никој што го олеснува туѓиот товар не е бескорисен на овој свет.
Ние ги проколнуваме ланците кои си ги носиме во текот на животот.
Пороците понекогаш се доблести со кои сме претерале.
Првото правило во работата е да им го правиш на другите она што тие ти го прават на тебе.
Постои срце кое никогаш нема да стане тврдо, темперамент кој никогаш нема да се умори и допир што никогаш нема да повреди.
Постои мудроста на главата и мудроста на срцето.
Некои жици во човечкото срце е подобро да не вибрираат.
(О)Милена | Црнобело