Водата мириса пред земјотрес, може да ја променат должината на денот - Факти за земјотресите
Според податоците на Геолошкиот завод на САД, секоја година има околу 15 големи земјотреси со јачина преку 7 Рихтерови степени и еден голем земјотрес со јачина од преку 8 степени.
Меѓутоа, стручните лица велат дека всушност во текот на 365 дена забележуваат над 20.000 потреси, а голем дел остануваат неоткриени поради географската оддалеченост и малата јачина.
Ова се уште неколку факти за оваа застрашувачка природна појава:
Земјотресот може да влијае на должината на денот
Земјотрес со јачина од 8,9 степени го погодил североистокот на Јапонија и го променил распоредот на масата на земјата, предизвикувајќи нешто побрзо ротирање, а со тоа и се скратил денот за околу 1,8 микросекунда.
Мирната вода мириса пред земјотрес
Рибниците, каналите, езерата и другите мирни води може да испуштат непријатен мирис и да станат малку потопли пред земјотрес. Тоа е предизвикано од ослободувањето на гасовите под земјата, додека плочите се поместуваат.
Тихиот Океан е корен на повеќето земјотреси
Всушност, над 80% од земјотресите се случуваат во негова околина.
Животински аларми
Се смета дека некои животни - жаби, мачки, змии и риби - можат да го предвидат тресењето на земјата, поради изострените сетила.
„Патувачки“ континенти
Земјотресите се предизвикани од движењето на тектонските плочи, а поради ова нивно движење, се поместуваат и сите континенти. Всушност, скоро сите континенти на Земјата биле дел од еден суперконтинент познат како Пангеја. Поради движењето на тектонските плочи, пред околу 175 милиони години Пангеја почнал да се дели, па денес Земјата изгледа многу поразлично.
Најсилниот земјотрес
Најсилниот земјотрес во светот бил забележан во Чиле, на 22-ри мај 1960-та година, со јачина од околу 9,5 степени.
М. Д. | Црнобело