„Болката е неизбежна. Страдањето е прашање на избор“ – 15 мудри лекции на неповторливиот Мураками
Најпознатиот, современ, јапонски писател го прослави својот седумдесет и втор роденден на 12 јануари. Харуки Мураками потекнува од книжевно семејство, двајцата негови родители предавале јапонска книжевност.
Тој почнал со пишување во своите рани триесетти години. Додека бил на бејзбол натпревар, одеднаш почувствувал необјасниво вдахновение за пишување на својот прв роман „Слушај ја песната на ветрот“ во 1979 година.
Автор е на повеќе од 30 неверојатни романи од кои најпознати се книгите „Норвешка шума“, „Кафка на брегот“, како и трилогијата „IQ84“. Овој мајстор на пишаниот збор останува еден од најпопуларните во светски рамки, а има и зошто.
Неговите мудрости ќе ви го сменат начинот на размислување:
„Ако се сеќаваш на мене, тогаш не ми е гајле дали сите други ќе ме заборават“.
„Мислам дека имате право да живеете како што сакате. И колку години и да имате 15 или 51, не е важно“.
„Детските души се еластични, лесно може да се свиткаат. Но, кога еднаш ќе се свиткаат, тие се замрзнуваат, и многу е тешко да се исправат. Честопати, дури и невозможно“.
„Двајца луѓе можат да спијат во истиот кревет, а сепак да бидат осамени кога ќе ги затворат очите“.
„Што се случува кога луѓето ќе си ги отворат срцата? Стануваат подобри“.
„Сеќавањата нè греат одвнатре. Но, и ни предизвикуваат силна болка исто така“.
„Потрошете ги вашите пари за работи што може да се купат со пари. Потрошете го времето на работи што не може да се купат со пари“.
„Најважното нешто кое сме го научиле во училиште е дека повеќето работи не се учат во училиште“.
„Болката е неизбежна. Страдањето е прашање на избор“.
„Кога се гушкаме, ги споделуваме нашите стравови“.
„Искажувајте ги вашите чувства. Многу полошо е да ги потиснувате. Ќе се насоберат во вас и ќе стануваат сè потешки. На крајот ќе умрете“.
„Ако ја читаш книгата што сите ја читаат, ќе го мислиш само тоа што го мислат сите други“.
„Ако сè се случува онака како што сакате, животот ќе ви биде здодевен“.
„Без оглед на она што ви го кажале другите, тоа ќе останат непознати приказни. Само она што ќе го научите самите ќе стане дел од вас“.
„Сè ќе помине. Дури и ако е лошо, тоа ќе заврши еден ден. Ништо во светот не трае вечно“.
(О)Милена | Црнобело