Како Моцарт го створил и го изгубил речиси целото свое богатство? – факти за еден од најголемите композитори во историјата
Волфганг Амадеус Моцарт е еден од најуспешните музичари во неговата ера, но популарната театарска претстава, а воедно и филм „Амадеус“ го прикажува овој генијален музички класичар, како малтене го напушта овој свет без трошка од стекнатото богатство.
Овој маестрален композитор е роден на 27 јануари - 1756 година, а починал на 5 декември - 1791 година, на возраст од триесет и пет години.
Неговата рана смрт беше и сѐ уште е предмет на контроверзии. Како починал Моцарт? Која е причината за неговата ненадејна смрт?
Како „валидна“ теорија се смета дека неговата смрт била предизвикана од одредена инфекција или труење, но постои и теорија која вели дека Моцарт бил убиен.
За време на неговиот краток живот, Моцарт заработил цело богатство, но според оставените записи тој бил заглавен со финансиски проблеми и заблуди, особено во последните години од неговото постоење.
Голем дел од својата кариера Моцарт бил само „хонорарец“
Човекот наречен „музичко чудо“ коешто ги создавало своите први дела уште како дете, всушност своите рани години ги поминал обиколувајќи ја цела Европа.
Во раните тинејџерски години тој се позиционирал со Архиепископот во Салцбург, каде што ја надополнувал својата скромна плата со надворешни провизии, понекогаш плаќајќи со накит и секакви ситници, наместо во готовина.
Но, неговата растечка амбиција и его го довеле до спротиставување со Архиепископот и во раните 20-ти години, тој ја напуштил својата позиција и се преселил во Виена.
За разлика од многуте свои современици, Моцарт не сакајќи (или не можејќи) да заземе позиција со полно работно време, работел каква било работа којашто му била предложена.
Тој држел часови по музика на децата на богатите, диригирал и изведувал свои дела - како и туѓи, патувал често, па така значително ја зголемил својата репутација, но поради патните трошоци, честопати се соочувал со финансиска загуба.
Но, подемите и падовите во животот на овој музички патник дефинитивно се исплателе, според изложбата од 2006 година, по повод 250-годишнината од неговото раѓање.
Записите покажуваат дека до 1780-ите, Моцарт заработувал дури 10.000 флорини годишно, а во писмото од таткото на Моцарт се наведува дека му биле исплатени 1.000 флорини за еднодневна концертна изведба.
Во време кога многумина од повисоката класа заработувале 500 флорини, записите за примањата на Моцарт, го истакнуваат овој генијалец како еден од најбогатите луѓе во Виена.
Финансиската состојба на Моцарт излегува од контрола
Околу 1788 година, сопругата на Моцарт, Констанца претрпела низа медицински зафати кои биле речиси фатални. Нејзиното закрепнување вклучувало зачестени посети на скапи бањи, што дополнително ја исцрпувало неговата „сметка“.
Моцарт започнал серија на пократки музички турнеи, со цел да собере средства, но тие резултирале со финансиски неуспех.
Промените во музичкиот вкус, како учеството на Австрија во серија тековни војни, предизвикало пад во провизиите, бидејќи Моцарт за кратко паднал во немилост на богатите клиенти кои го свртиле вниманието на друго место.
Ова резултирало во мрачен и депресивен период, кој Моцарт често го споменувал во писмата до своите пријатели. Поради настанатата ситуација, иако Моцарт сепак не стравувал дека ќе остане без парче леб, тој почнал често да се позајмува.
Моцарт не бил погребан на аристократските гробишта
Видно омаловажувана, навидум детинеста и наивна, Констанца одиграла клучна улога во неговото финансиско оживување.
Додека Моцарт ги поткрепил сите финансиски трошоци за време на нејзината болест, откако се опоравила, таа тргнала во акција. Оваа двојка се преселила од центарот на Виена, во поевтино предградие, а Констанца помогнала да се организираат неговите хаотични, деловни работи.
Покрај финансискиот пад, овој брачен пар продолжил да троши навистина многу пари. Здравствената состојба на овој музички маестро значително потклекнала есента 1791 година, така што на 35-годишна возраст, Моцарт починал.
Австриските обичаи од тоа време спречувале некој друг, освен аристократијата да има приватно погребување, па затоа Моцарт бил погребан во заеднички гроб со неколку други тела – но сепак, тоа не претставувале „сиромашни“ гробови.
Неколку години подоцна, неговите коски биле ископани и според записите, преместени во самостоен гроб, чија локација до денес останала мистерија.
Финансиски пресврт по смртта на Моцарт – луксуз на портите на Констанца
На само 29 години, со две мали деца покрај себе, Констанца била уништена поради раната загуба на својот сакан сопруг.
Откако ги исплатила неговите последни долгови, таа организирала објавување на неколку негови дела, исто така и серија меморијални концерти во негова чест, така што обезбедила мала доживотна пензија за нејзиното семејство од австрискиот император.
Констанца има огромен удел во објавувањето на раната биографија за Моцарт, напишана од нејзиниот втор сопруг.
Овие напори не само што ја обезбедиле финансиски до крајот на нејзиниот живот, туку и помогнале да се зачува културното наследство на Моцарт, како еден од најголемите композитори во историјата.
Мила М. | Црнобело