На осамените луѓе постојано им е ладно и уште 7 факти како самотијата го менува телото
Независно од годините, статусот или начинот на живот, сите луѓе ја искусиле осаменоста.
Но, се претпоставува дека има 8 работи кои се тесно поврзани со чувството на осаменост, а ретко кој човек ги знае...
1. Осаменоста не зависи од квалитетот и квантитетот на пријателствата или контактите кои ги негувате. Осаменоста е исклучиво емоционална состојба.
2. Повеќе од 60% од осамените луѓе се во брак. Тоа го побива фактот дека само луѓето кои се сингл се чувствуваат осамено.
3. Осаменоста честопати се манифестира како претерана социјализација по социјалните мрежи.
4. Осаменоста прави да ви е постојано ладно, независно од температурата во просторијата.
5. Чувството на изолираност и самотијата може болат подеднакво како и физичкиот удар. Телото реагира исто и во двата случаи.
6. Осаменоста го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, поради зголеменото ниво на стрес.
7. Осаменоста исто така го ослабува и имуниот систем.
8. Самотијата е ризична за здравјето исто како и пушењето. Хроничната осаменост го зголемува риизкот од прерана смрт за цели 14%.
Можеби е време да преземете нешто и да си го направите животот поисполнет и посреќен.
М. Д. | Црнобело