Тенкото црево е долго 7 метри и уште 9 забавни факти за дигестивниот систем
Која е причината за „кркорењето“ на стомакот?
На сите им се случило да почне да им кркори стомакот, а ова не се случува само кога сме гладни. Најчесто причината за овие звуци е дигестијата на храната.
Односно, кркорењето настанува кога храната, течностите или гасовите преминуваат од желудникот кон цревата. Ако желудникот е празен, звуците од ова движење стануваат погласни и ги слушаме како кркорење.
Желудочната киселина е многу корозивна
Течноста којашто се лачи во желудникот е позната како желудочна киселина или желудочен сок и помага во варењето на храната. Чистиот желудочен сок е многу кисел и може да предизвика штета на другите органи, па дури и да разгради метал.
Но, желудникот самиот се штити од оваа киселина, така што лачи мукус кој се задржува на неговите ѕидови.
Дури и ако јадете стоејќи на глава, храната пак ќе стигне до желудникот (не го пробувајте ова секако)
Сигурно нема да помислите да јадете стоејќи на глава, но навистина е интересно што и во овој случај, храната сепак би стигнала до желудникот.
Кога ја голтаме храната, таа не паѓа во желудникот поради гравитацијата, туку се движи надолу поради контракциите кои настануваат во хранопроводот.
Желудникот е различен кај сите животни
Иако голем дел од животните имаат дигестивен систем сличен на нашиот, желудникот може да се разликува многу.
На пример, кравите имаат желудник со четири делови што им помага во дигестијата. Некои животни, пак, како морските коњчиња, воопшто немаат желудник и бидејќи храната минува многу брзо низ нивниот дигестивен систем, мораат да јадат речиси постојано.
Можеме да издржиме подолго без храна отколку без вода
Во просек, човекот може да преживее само 3 дена без воопшто да се напие вода. Од друга страна, човечкото тело може да издржи без храна скоро цел месец.
Теоретски, маж кој се храни добро и има 70 килограми, би имал доволно калории во телото за да преживее помеѓу 1 и 3 месеци. Кога во организмот не се внесува храна, телото почнува да го користи неговото ткиво како „гориво“.
Сепак, во реалноста оваа бројка сигурно е помала, зависи од многу фактори и научниците не можат да ја одредат точно, а ова си има и други последици.
Спирова С. | Црнобело