„Лавот не се занимава со мислењето на овците“ - 15 неверојатно моќни цитати за подигнување на самодовербата
Најважната врска што некогаш ќе ја имате во животот е онаа што ја имате со себеси. Самодовербата ја сочинуваат мислите, чувствата и мислењето за себеси. Таа ја одразува сликата за вашата сопствена вредност.
Како помали, додека растевме, нè учеа да бидеме љубезни кон браќата и сестрите, родителите, семејството, пријателите, па дури и луѓето коишто ги гледаме за првпат во животот.
Но, никој не нè подучи како да бидеме љубезни кон себеси. Можеби ви рекле дека фокусирањето на себе е себично, но тоа е неточно. Тоа се нарекува сакање на самиот себе.
Доколку чувствувате недоволно љубов кон себеси, што пак се одразува негативно на вашата самодоверба, прочитајте ги следните 10 моќни цитати. Ќе ви го сменат животот:
„Биди си сè на себеси, не сè на сите други околу тебе“ – Лиса Либерман Венг
„Без разлика како изгледаш или како мислиш дека изгледаш, ти си посебен и сакан и совршен токму онаков каков што си“ – Ариел Винтер
„Таа направи скршеното да изгледа прекрасно и силното да изгледа непобедливо“ – Аријана Данцу
„Биди доволно силен за да опстоиш сам, доволно паметен за да знаеш кога ти треба помош и доволно храбар за да ја побараш“ – Зијад К. Абделнур
„Силните жени не се прават жртви, не прават да изгледаат сожаливо и не го вперуваат прстот кон некого. Тие преживуваат и се справуваат со проблемите“ – Менди Хејл
„Учете од грешките на другите. Нема да живеете доволно долго за да ги направите сите самите“ – Еленор Рузвелт
„Бидете нежни. Не дозволувајте светот да ве направи крути. Не дозволувајте болката да ве натера да мразите. Не дозволувајте горчината да ви ја украде сласта. Бидете горди на тоа што и понатаму верувате дека светот е прекрасно место, дури и кога остатокот од светот не се согласува со вас“ – Курт Вонегат
„Луѓето кои се сакаат себеси не ги повредуваат другите луѓе. Колку повеќе се мразиме себеси, толку повеќе сакаме другите да страдаат“ – Ден Пирс
„Постојат толку многу побитни работи за кои треба да се грижите отколку што мислат другите за вас“ – Денис Лихејн
„Никогаш не сум сакала некоја личност онака како што се сакам себеси“ – Меј Вест
„Кога следниот пат ќе се чувствувате малку непријатно поради притисокот во својот живот, сетете се дека без притисок нема ни дијаманти. Притисокот е дел од успехот“ – Ерик Томас
„Сакај ја личноста што си, прифати се себеси. Сакај се себеси. Кога се сакаш себеси, луѓето го претчувствуваат тоа, може да ја видат твојата самодоверба и природно, луѓето гравитираат кон тебе“ – Лили Синг
„Ако некој ви каже Не можеш, всушност мислат Јас не можам“ – Шон Стефансон
„Лавот не се занимава со мислењето на овците“ – Џорџ Р.Р. Мартин
„Луѓето кои постојано ја напаѓаат вашата самоувереност и самодоверба се прилично свесни за вашиот потенцијал, дури и кога вие не сте“ – Вејн Џерард Тротман
(О)Милена | Црнобело