Што не знаевте за Клон - хит серијата во чиј успех никој не верувал?
Милиони очи ширум светот будно ја следеа љубовната приказна на Жаде и Лукас во Клон.
Тогаш во тренд беше накитот кој го носеше Жаде, а дури и курсовите по стомачни танци добија невидена популарност.
Сепак, пред да почне да се снима серијата, никој не верувал дека ќе постигне успех.
Што не знаевте за Клон?
1. Серијата беше во продукција на Бразилски ТВ канал и воедно многу брзо стана најскапиот нивен проект, благодарение на скапиот накит кој Жаде го носеше, а цената надминува стотици илјади долари.
2. Локациите исто така чинеле многу пари. Дејствијата се снимани во Бразил, Мароко и пустината Сахара за што бил одвоен буџет над 20.000 долари. За среќа, буџетот лесно го наполниле преку реклами. За реклами во времетраење од 30 минути, серијата заработувала 30.000 долари.
3. Во Сахара, актерите работеле на температура од над 50 степени. Дел од актерите морале да позајмат чевли од локалците, бидејќи нивните буквално им се топеле на песокот.
4. За целите на снимањето, биле изградени 2 посебни „града“ во Рио де Женеиро, со површина од околу 830 метри квадратни.
5. Сцените во Египет никогаш не биле оригинално снимени таму. Актерите се само компјутерски додадени на дел од локациите.
6. Сценаристот за време на пишувањето на дејствијата морал да се консултира со многу биолози и доктори кои биле специјализирани за генетика и вештачно оплодување, за случките да бидат веродостојни.
7. Пред снимањето, екипата била на обука како да ги усоврши движењата на телото, гестикулациите, фацијалните експресии, па дури и одредени фрази. На стомачниот танц се обрнувало посебно внимание.
8. Клон се прикажуваше во повеќе од 90 земји во светот.
М. Д. | Црнобело