Има иста фризура од 14 години, го гаси телефонот за ручек: Интересни факти за Ана Винтур, челичната дама на модата
Неодамна наполни 71 година. Велат дека клучна улога во нејзината кариера одиграл нејзиниот татко, но и нејзината челична одлучност и непоколеблива самоувереност. Ја нарекуваат и „Нуклеарната Винтур“.
Ана Винтур до скоро беше во брак со Брајан Шелби, речиси 16 години, а во врска беа две децении.
Наводно Шелби, милионер и пионер во телекомуникациите во САД, се вратил на поранешната сопруга Кетрин, чиј втор сопруг починал пред пет години.
Брачната криза на Винтур и Шелби започнала во 2013 година кога се дознало дека тој должи на даночната служба 1,2 милион долари.
Ана многу ретко се појавувала со својот сопруг во јавност и сè почесто се гледала со британскиот актер Бил Најги.
Таа од првиот брак со Дејвид Шафер има две деца – ќерката Кетрин која ја викаат Би и синот Чарлс. Тие имале 3 (Чарлс) и 1 година (Би) кога таа застанала на челото на „Вог“. Од синот Чарлс има и две внуки.
Љубителите на модата со душа го чекаат секое ново издание на „Вог“, на чие чело таа стои од 1988 година, за да дознаат кои трендови ги одобрила. Од 2013-та таа е и уметнички директор на Conde Nast.
Ана Винтур својата одлучност ја покажала уште како тинејџерка кога одбивала да носи училишна униформа, а особено кога им соопштила на родителите дека го напушта средното училиште. После обука во „Harods“ се запишала на часови по мода, но по кратко се откажала и од нив.
Кога имала 15 години била во врска со постар маж кој тогаш имал 24 години, но имал добри конекции со познати личности.
Наспроти Ана која не сакала да се посвети на формално образование, стоела Ана со цврсти животни цели и доследен имиџ. Таа ја носи боб фризурата од свои 14 години.
Постои приказна дека нејзините препознатливи очила за сонце без кои речиси и да не се појавува во јавност, не се знак за модна автентичност, туку дека ги носи и од здравствени причини.
Таа има изјавено дека носи очила за луѓето да не можат да ѝ ги читаат мислите, ниту пак да претпостават за што размислува: „Ми помагаат кога сум уморна и ненаспана“.
Нејзината кариера на моден новинар е инспирирана од нејзиниот татко Чарлс Винтур, некогаш прв човек на лондонскиот „Evening standard“ кој честопати барал совети од својата ќерка за тоа што ги интересира младите читатели.
Последниве години се шпекулира дека таа ќе се повлече од функцијата главен уредник на „Вог“, модна империја вредна стотици милиони долари.
„Да ја сочуваме Ана“ – гласеше логото на кампањата против нејзиното пензионирање.
Ова се уште некои интересни факти за неа:
Ана станува пред 6 часот, игра тенис и потоа ја средува косата и шминката. Два часа подоцна е на работа во редакција. Нејзин добар пријател е Роџер Федерер и семејството.
Ана е позната како голем обожавател на „Game of Thrones“.
Има страв од пајаци.
Има три асистентки, но понекогаш знае да изненади и сама да одговори на телефонски повик. Телефонот го гаси за време на ручек.
Првата дама на светската мода е главен организатор и на традиционалната Мет Гала, која се одржува уште од 1971 година. Таа секогаш пристигнува прва на настанот.
Е. П. | Црнобело