Висината на казните зависи од платата, никој не очекува бакшиш - Како е да се живее во Финска?
Кога помислуваме на Финска, замислуваме фантастична поларна светлина на небото, многу снег и луѓе кои немаат проблем со ниските температури.
Некои стереотипи изгледа дека сепак се вистини, бидејќи луѓето во Финска имаат посебен менталитет и начин на кој живеат, драстично поразличен од нашиот.
Што е нормално во Финска?
Пензионерите играат на слот машини
Кусурот кој го добиваат после пазарењето, многу често го користат за малку играње на слот машини. Затоа на речиси сите бензински и супермаркети има поставено машини.
Не се очекува бакшиш
Да не оставите бакшиш не ве прави нељубезни или скржави во Финска, бидејќи наплатата за услугата е веќе вклучена во сметката. Сепак, никој нема да ве осуди и ако решите да оставите нешто ситно.
Имаат „ти благодарам“ копче
Финците се љубезен народ и ја ценат работата на другите. Затоа, во јавниот превоз често има посебно копче кое треба да го притиснете за да му се заблагодарите на возачот.
Точно знаете кој каде живее
На секој влез, на првиот спрат, има посебен знак со сите имиња на резидентите во таа зграда. Ова е направено согласно сите станари, за да не препрашувате од врата на врата кој каде живее, туку само да погледнете на знакот. Во некои згради кај нас ова е добро регулирано, но не секаде.
Гостите се служат со оброци, не со милион можни избори
Во Финска нема „покажување“ пред гостите со богата трпеза. Нема компири на 10 начини, салати, 5 различни меса и риби... Таму се служи топол оброк со салата како прилог и во некои случаи десерт. Повеќе се цени искрениот разговор и времето поминато со саканите луѓе, отколку гозбата.
Сите рециклираат
Не е општо прифатливо да фрлиш пластика, лименки или стакло. Во Финска за 1 рециклирано парче се добиваат околу 20 центи преку соодветни апарати за рециклирање.
Казната ви зависи од висината на примањата
Тука важи едноставно и праведно правило – колку поголема плата зимаш – толку поголема ти е казната.
Највисоката казна во Финска сега за сега за пречекорување на брзината на возење е 116.000 евра. Казнетиот возел 75 km/h од дозволени 50 km/h.
Додаток за деца
Кога ќе се роди бебе, мајката во Финска не само што добива кутија за првиот месец нега и грижа, туку и ѝ следува додаток во наредните 17 години.
Со оглед на тоа што луѓето во Финска добро заработуваат, овие пари обично ги штедат, за кога детето ќе наполни 17 години да му ги предадат неговите пари.
М. Д. | Црнобело