Бил во врска со вдовицата на својот брат и уште 7 факти за Хантер Бајден, скандалозниот син на Џо Бајден
На 77-миот роденден на татко му Џо Бајден било докажано дека Хантер добил дете со друга жена додека се состанувал со вдовицата на неговиот брат.
50-годишниот син на Џо Бајден во текот на целиот живот ги полни медиумите со своите скандали. Гради кариера на адвокат и финансиски советник, но тоа не го спречува да живее скандалозно.
Тој е син од првиот брак на Џо Бајден, имал и сестра која починала во сообраќајна незгода заедно со неговата мајка во 1972 година, а пак неговиот брат Бо починал од рак на 47-годишна возраст.
Ja има полу-сестрата Ешли од вториот брак на неговиот татко.
Хантер Бајден, покрај по политичката кариера, е познат и по бурниот приватен живот. Уште кога татко му бил дел од администрацијата тој ги полнел медиумите со своите скандали.
Факти за Хантер Бајден:
Предизвикал збунетост кај сите кога на 44-годишна возраст во 2012 се пријавил во морнарицата, а само 2 години подоцна бил отпуштен затоа што бил позитивен на тестот за кокаин.
Во 2015 година неговиот брат Бо Бајден починал од рак, а Хантер продолжил да ги полни насловните страници, затоа што откако се развел од првата сопруга со која има 3 ќерки, тој се состанувал со вдовицата на својот брат, Хали Бајден.
Првата сопруга
Вдовицата на брат му