Трикови со кои IKEA стана најпопуларната продавница за мебел во целиот свет
Во Македонија сè уште нема IKEA, но оваа продавница за мебел е толку популарна, што одиме во соседните држави само за да купиме нешто од неа.
Овој ланец продавници нè натера да ја засакаме едноставноста на скандинавскиот ентериер, а продавниците се уредени на тој начин, што нема шанси да излезете без да купите нешто.
Во продолжение погледнете неколку тајни со кои IKEA стана најпопуларната продавница за мебел во целиот свет:
Многуте детали во „собите“ во IKEA се со причина
Сигурно сте забележале дека секоја „соба“ во IKEA е целосно опремена – од перници на креветот, до книги и украси на полиците.
Целта на ова е да се натераат купувачите да купат повеќе работи од планираното. Кога ќе видите колку добро изгледа некој предмет вклопен во некаков ентериер, а и кога ќе видите дека има ниска цена, многу е поверојатно да го купите.
Помош за парови кои не се согласуваат
Во некои држави, продавница им нуди посебна помош на паровите кои не можат да се согласат што да купат. Во ваквите ситуации обично им нудат продукти за кои веруваат дека ќе им се допаднат и на двајцата, а со тоа сигурно ќе ги задржат како идни муштерии.
Секој може да биде советуван бесплатно
Ако ви се допадне како е уредена некоја соба во продавницата, нема потреба сами да ги барате предметите. Доволно е да најдете асистент за продажба кој ќе ви направи целосна листа и ќе ви каже каде се наоѓа сè. Истовремено, можете да добиете и бесплатен совет ако нешто од ентериерот не ви се допаѓа и сакате да го замените со друго.
Онлајн помош
Ако ви е потребен одреден продукт, повторно нема потреба да лутате низ продавницата. Можете да го посетите веб-сајтот на IKEA за државата во којашто се наоѓате, да го најдете продуктот и оттаму да видите каде се наоѓа.