„Едно мартини е во ред. Две се премногу. Три не се доволни“ – што цитирале познатите за алкохолот?
Смешни, трагикомични и вистинити цитати за алкохолот. Алкохолот е анестезија која ни помага да ја издржиме операцијата наречена живот, ќе каже Џорџ Бернард Шо… а што рекле другите познати во врска со алкохолот?
Прочитајте ги следните цитати:
„Ако се случи нешто лошо, пиеш за да заборавиш. Ако се случи нешто убаво, пиеш за да прославиш. Ако не се случува ништо, пиеш за да се случи нешто“ - Чарлс Буковски
„Јас извлеков повеќе од алкохолот отколку што тој извлече од мене“ – Винстон Черчил
„Алкохолот е анестезија која ни помага да ја издржиме операцијата наречена живот“ – Џорџ Бернард Шо
„Алкохолот не е одговор, но кога пиеш забораваш што било прашањето“ – Хенри Ман
„Виното е поезија во шише“ – Роберт Луис Стивенсон
„Направи го трезен она што си рекол дека ќе го направиш додека си бил пијан. Тоа ќе те научи да си ја држиш устата затворена“ – Ернест Хемингвеј
„Сите зборуваат дека пијам, а никој не зборува дека сум жеден“ – шкотска народна поговорка
„Едно мартини е во ред. Две се премногу. Три не се доволни“ – Џејмс Турбер
„Кога виното влегува во нас, чудни работи излегуваат од нас“ – Фридрих Шилер
„Ѓаволот го измислил вискито за ние Ирците да бидеме сиромашни“ – ирска народна поговорка
„Доколку сакаш да престанеш да пиеш, набљудувај ја пијаницата додека си трезен“ – кинеска народна поговорка
„Реалноста е илузија која настанува поради недостаток од алкохол“ – непознат автор
(О)Милена | Црнобело