10 фасцинантни факти за мајчиното млеко

Колку калории троши доењето и каков е вкусот на мајчиното млеко?

10-fascinantni-fakti-za-majcinoto-mleko-02.jpg

Пронајдовме неколку фасцинантни факти за мајчиното млеко, после кои со сигурност можеме да кажеме дека жените се полни изненадувања.

1. Мајчиното млеко односно доењето им помага на жените во слабеењето, односно во враќањето на тежината како пред бременоста. За производството на млеко, телото на жената троши од 600 до 1000 калории секој ден.

2. Исто така, „производството“ на млеко троши 25% од енергијата на телото. За споредба, мозокот троши само 20% од енергијата.

3. Составот на млекото се менува како што бебето расте. Првото млеко со кое мајката го дои бебето се вика колострум (“colostrums”). Колострумот значително се разликува од млекото кое подоцна се лачи, не само по содржината туку и по количината на состојките кои го заштитуваат бебешкиот имунитет, што го прави уникатно и единствено.

Ова млеко содржи повеќе вода, повеќе витамини и минерали, а помалку маснотии, поради што е и поздраво. Посебно е важно присаството на имуноглобулин, специјален вид на протеин кој во колострумот го има пет пати повеќе отколку во млекото подоцна.

4. На секој би му досадило да јаде иста храна секој ден. Но, мајчиното млеко има различна арома секој ден, зависно од тоа што консумирала мајката.

5. Млекото не излегува само од едно дупче. Секоја брадавица има повеќе минијатурни отвори кои испуштаат млеко, а бројот варира од жена до жена.

10-fascinantni-fakti-za-majcinoto-mleko-01.jpg

6. Бебето празни околу 65% од млекото во градите на мајката, бидејќи јаде до ситост, не додека има млеко.

7. Дали сте знаеле дека околу 75% од жените произведуваат повеќе млеко во десната града, која се смета за доминантна?

8. Мајчиното млеко го содржи хормонот мелатонин, кој го успива бебето.

9. Мајчиното млеко е уникатно и единствено, како отпечатокот на прстите.

10. Од млекото дури може и да се направи сирење. Тоа го пробал еден готвач од Њујорк, кој од млекото на својата сопруга направил сирење кое го послужил како деликатес. Рекол дека има суптилен вкус со слатки ноти, односно дека има сличен вкус со панакота.

M. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg