Ако се насмевнат, ќе платат казна - забавни факти за британската кралска гарда
Забрана за зборување
Војниците од гардата не смеат да разговараат едни со други додека се на смена. Всушност, тие не смеат да прозборат ништо, но имаат дозвола да ги прекорат туристите кои се обидуваат да ги провоцираат. Во вакви ситуации, најчесто извикуваат „Направете место за кралската гарда“.
Правила за губење свест
Овие луѓе треба да следат толку многу правила, па дури и во моментите кога губат свест. Стоењето со часови во проблематична униформа понекогаш е премногу за војниците, па често се случува некој да изгуби свест, особено во текот на летото.
Ако, пак, војникот сфати дека се чувствува лошо, тој мора да даде сè од себе за да стои исправено. Поради ова, кога конечно ќе попушти, војникот најчесто паѓа кон напред, а другите не мрднуваат со прст.
Забрана за смеење
Колку и да се обидувате да ги насмеете овие војници, нема да успеете, бидејќи тие мораат постојано да бидат сериозни. Ако го прекршат ова правило, можат да бидат казнети – ќе треба да платат 200 фунти.
Немаат пауза за тоалет
Војниците мораат да стојат на своето место пред палатата 2 часа без прекин. Ова значи дека во текот на тие 2 часа, додека трае нивната смена, тие не смеат да одат ни во тоалет.
Спирова С. | Црнобело