Го убил за да стане славен - морничави факти за Марк Дејвид Чапман, убиецот на Џон Ленон
Некои фанови веруваат дека Марк Чапман е убиец од ЦИА
Како за секоја ненадејна смрт на позната личност, и овојпат се појавија многу теории на заговор. Една од нив е дека Марк е всушност платен убиец од ЦИА.
Оваа теорија ја прослави авторот Фил Стронгмен, кој напиша и книга на таа тема – John Lennon: Life, Times and Assassination. Според Фил, било нелогично Чапман да ја признае вината, наместо да прифати судење, ако го извршил убиството за да биде славен.
„Ако барал внимание, зошто ја испуштил можноста да го има судењето на векот? Со признавање на вината, Чапман го испушти целото внимание кое наводно го барал. Зошто?“
Во неговата книга, Фил тврди и дека убиецот немал ниту еден албум на Ленон пред викендот кога се случило убиството, и покрај неговата опсесија со пејачот - нешто што било многу сомнително во целата ситуација.
Според друга теорија, Ленон е жив
Постои и теорија на заговор дека Ленон е жив и се наоѓа во Мексико. Наводно, тој ја лажирал неговата смрт за да може да избега од окото на јавноста.
Постојат и луѓе кои веруваат дека Ленон се самоубил, дека бил дел од сатанистичко жртвување, па дури и дека бил убиен од писателот Стивен Кинг.
На Марк Чапман му беа одбиени 11 барања за условно ослободување
Вклучувајќи го и последното од годинава, на убиецот му се одбиени 11 барања за условно ослободување.
Во декември ќе поминат 40 години од смртта на Ленон, а најверојатно Марк Дејвид Чапман ќе го помине целиот живот зад решетки.
Сопругата остана со него, но семејството го мрази
Пред некоја година, на годишнината на смртта на Ленон, во јавноста се појави писмо кое Чапман го напишал до неговиот татко. Бидејќи неговото семејство е згрозено од чинот на Чапман, татко му не го отворил писмото цели три децении.
Во писмото, пак, Чапман зборува за затворскиот живот, но и за тоа дека наскоро ќе му дозволат да има посети од сопругата Глорија.
„Ја пријавив последната апликација. Прашање на време е кога ќе биде одобрена – веќе знам дека ќе биде одобрена. Те молам ова нека остане меѓу нас. Сакам да биде тајна и секое протекување ќе биде лошо“, напишал Марк за посетите на сопругата.
Во јавноста се појавија и неколку фотографии од посетите на Глорија, која до денес оди во затворот да го види својот сопруг.
Одвреме-навреме тој се слушал и со неговата сестра Сузан, но немал никаков контакт со другите членови на семејството.
Фотки од животот на Марк Дејвид Чапман пред да го убие Џон Ленон:
Спирова С. | Црнобело