„Не е фер да го побарате од другите она што не сте подготвени да го направите самите“ – најдобрите цитати на Еленор Рузвелт
Еленор Рузвелт е најдобар пример за жена која успеала да излезе од сенката на прва дама на САД и да стапне во чевлите на активист, дипломат и политичар. Нејзината визија целосно ја смени типичната улога на „жената на претседателот“.
Таа многу повеќе се памети по улогата на дипломат, политичар и нејзината мудрост, отколку како Прва дама на државата.
Ова се нејзините најдобри цитати:
Никој не може да направи да се чувствувате инфериорно, без вашата согласност.
Направете го тоа што мислите дека е праведно, бидејќи и онака ќе бидете критикувани.
Честопати можете да ги смените околностите со менувањето на вашето однесување.
Секој ден правете по една работа што ве плаши.
Многу луѓе ќе поминат низ вашиот живот, но само најдобрите пријатели ќе остават трага во вашето срце.
Иднината им припаѓа на оние кои веруваат на убавината на нивните соништа.
Не е фер да го побарате од другите она што не сте подготвени да го направите самите.
Пријателството со себеси е важно бидејќи без него човек не може да биде пријател со некој друг на светот.
Мислам дека некако ние учиме кои сме навистина, а потоа живееме со таа одлука.
Животот треба да се живее. Љубопитноста мора да се одржи во живот. Никој никогаш не смее, од која било причина, да му го сврти грбот на животот.
Ги правите работите што ве интересираат и ги правите со сето свое срце. Не грижете се дали луѓето ве набљудуваат или ве критикуваат. Шансите се дека тие не обрнуваат внимание на вас.
Должност на сопругата беше да се интересира за она што го интересираше нејзиниот сопруг, без разлика дали тоа е политика, книги или одредено јадење за вечера.
Малку поедноставување ќе биде првиот чекор кон рационално живеење, мислам.
Колку повеќе ги поедноставуваме нашите материјални потреби, толку повеќе сме слободни да мислиме на други работи.
(О)Милена | Црнобело