„Децата не се боенки, не ги пополнувајте со вашите омилени бои“ – најмудрите цитати за нашите најсакани малечки

Децата се најдоброто нешто на светот. Сигурни сме дека сите родители се убедени во тоа. Дечињата зрачат со смеа, наивност, чисти срца и души…

Najmudrite-citati-za-decata-01.jpg

Некои работи во животот можат да се видат само преку очите на децата. Прочитајте ги најинтересните цитати за децата и запомнете – никогаш не губете го детето во вас:

Малите деца не ти даваат да спиеш, а големите да дишеш.

Доколку ги решите сите проблеми на своите деца, тие нема да имаат ниту еден друг проблем освен вие.

Не треба да се учи детето со сила, туку преку игра.

Очекувај го од своите деца во староста она што сам си му го правел на својот татко.

Првите солзи на детето се молби, но доколку не ги спречите наскоро ќе станат наредби.

Паметните родители им дозволуваат на своите деца понекогаш и да погрешат.

Од памтивека, синовите се понеразумни од татковците, но за среќа, синовите стануваат разумни во моментот кога самите ќе станат татковци.

Кој ќе ги научи децата да се задоволуваат со малку, ќе им остави многу повеќе од богатство.

До петтата година детето е твојот господар, до десеттата твојот слуга, од десеттата до петнаесеттата година твојот таен сојузник, а потоа станува твој пријател или непријател.

Кој нема грижи, нека го ожени синот.

Има навистина многу сиромашни дечињa на коишто родителите, освен пари, не можеле да им дадат ништо друго.

Постојат три работи што децата можат да ги научат од децата: да бидат среќни без причина, да бидат секогаш зафатени со нешто и да се стремат со сите сили кон она што го сакаат.

Децата треба да се научат како да размислуваат, а не што да мислат.

Најинтересните информации доаѓаат од децата затоа што тие кажуваат сè што знаат, а потоа престануваат.

Нашата задача не е да ги зацврстуваме децата да бидат подготвени за суров и бездушен свет. Нашата задача е да одгледаме деца кои ќе го направат овој свет малку подобар.

Децата не се боенка. Не ги пополнувајте со вашите омилени бои.

Да се види чудото на животот преку очите на детето е да се доживее најголемото задоволство на светот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg