Не постои помека перница од мирна совест: Француски поговорки кои се суштината на животот
Мудри зборови од француската култура кои во кратки црти ќе ве научат што е вистински важно во животот.
За животот, љубовта и среќата:
- Оној кој умее да чека, со текот на времето среќата сама му доаѓа.
- Сé ќе помине, освен добрите дела кои си ги направил.
- Ден без вино е ден без сонце.
- Празните буриња најгласно се слушаат.
- Тројца можат да чуваат тајна, ако двајца од нив се мртви.
- Мисли што сакаш, зборувај што мораш.
- Чуда се случуваат само за оние кои веруваат во нив.
- Минатото е најдобриот пророк на иднината.
- Ако не можеш да гризнеш, не ги покажувај забите.
- Не постои помека перница од мирната совест.
- Парите се крупна работа која луѓето ги прават ситничари.
- Човекот треба да го судиш по неговите прашања, не по неговите одговори.
- Никој не е толку дарежлив колку оние кои немаат што да дадат.
М. Д. | Црнобело