Ја изневерил со 2 жени во ист викенд: Нови мрачни тајни за бракот на Доналд и Меланија Трамп
Меланија го уценувала Доналд околу предбрачниот договор, па затоа го одложувала селењето во Белата куќа и уште десетина факти за бракот на славниот пар.
Во книгата „The Art of Her Deal: The Untold Story of Melania Trump“ се откриваат многу детали од приватноста на првата дама на САД.
Новинарката Мери Џордан, која ја напиша биографијата на Меланија, открива дека Меланија, и покрај сè, го бранела Доналд пред пријателите. Додека тие заклучиле дека Доналд најверојатно има мала машкост, бидејќи има мали дланки, таа застанала на негова страна велејќи им дека тој е вистински маж.
Во книгата се открива дека Меланија го учела Трамп трикови за позирање за да изгледа подобро на фотографиите.
Најтешко ѝ било кога во медиумите кружеле обвинувањата за наводната афера на Трамп со порно актерката Сторми Даниелс и во текот на изборите во 2016 година во еден миг таа дури избегала во хотел за да се тргне малку настрана од него.
Меланија уште пред да стапи во брак знаела за неговата репутација на женкар, но дури по раѓањето на Барон ситуацијата станала многу чудна. Додека таа на една забава во Плебој вилата само сакала да зборува за својот син, Доналд сакал да флертува и да се слика со разни жени.
Но, вистинската драма на Меланија започнала околу изборите кога дузина жени го обвиниле за несоодветно сексуално однесување. Две жени, од кои едната е Сторми Даниелс, тврделе дека имале секс со него во текот на истиот викенд во јули 2006 година на голф турнир во Невада. Барон бил роден само 3 месеци претходно. Сега, тој има 14 години.
Во книгата се говори и дека Меланија е многу повлијателна од што луѓето мислат.
Се открива дека Доналд и Меланија водат паралелни животи и спијат во различни спални, Трамп бил вљубеник во темни ѕидови и килими, а Меланија во светли. Исто така, тој станувал во 5 часот наутро и веднаш го вклучувал телевизорот, додека таа спиела до подоцна.