Преживеан Македонец на Титаник, најквалитетен опиум - 10 интересни факти за Македонија
Колку добро си ја познаваме државата? Дали сте знаеле дека во Македонија може да се најде еден од најквалитетните рубини на светот? Дека на бродот Титаник имало преживеан Македонец?
Прочитајте неколку интересни факти кои можеби не сте ги знаеле до сега.
1. Единствено европско наоѓалиште на рубини се наоѓа во лежиштата на Доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.
2. Македонскиот рудник „Алшар“ на планината Кожуф е единственото наоѓалиште на светот на талиум и потенцијален „рудник“ на еколошко чиста енергија. Од 2004-та година рудникот е евидентиран како споменик на природата.
3. Македонија го има најквалитетниот опиум на светот со 14 морфиски единици. Вториот по квалитет е пакистанскиот со 7 морфиски единици, а следуваат со помали разлики останатите - колумбискиот за пример е околу 3,5 морфиски единици.
4. Се верува дека во темелите на манастирот „Св. Богородица Пречиста“ (Кичевско) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос. Дел од крстот има и во темелите на манастирот „Св. Јован Бигорски“ како и во манастирот „Св. Ѓеоргиј Победоносец” во с. Рајчица, Дебарско.
5. Во близина на Македонски Брод се наоѓа Пештерата Пешна. Оваа пештера го добила името по сестрата на Крале Марко – Пешна, за која многумина од нас и не слушнале.
Oва ремек дело на природата со својата величествената големина, својата грандиозност и својата убавина ќе ве остави без здив. Оваа пештера од Македонија, во „Њујорк тајмс“ е опишана како идентична на измислените пештери во филмот „Господарот на прстените“.
Уште пет интересни факти на следната страна