Во „Now You See Me“ Исла Фишер за малку ќе го изгубела животот – факти за снимањето на популарните филмови
Досега сигурно сте изгледале многу филмови, но дали знаете што се случувало зад камерите или низ што сè минувале актерите за нивната улога?
Во продолжение погледнете неколку забавни факти за најпознатите филмови кои сигурно не сте ги слушнале досега:
1. За улогата во „Joker“, Хоакин Феникс ослабел околу 23 килограми. Актерот се консултирал со лекарот кој му помогнал да ослабе и за филмот „The Master“, а откако завршило снимањето, успеал да „врати“ 11 килограми.
2. Во „Now You See Me“, актерката Исла Фишер за малку ќе го изгубела животот. Во една сцена, нејзиниот лик е под вода, врзан со синџири.
Синџирите биле направени така што актерката лесно можела да се извлече од нив, но за време на снимањето не можела да ги ослободи нејзините нозе. Таа почнала да гестикулира дека ѝ е потребна помош, но целата филмска екипа мислела дека станува збор за глума.
3. Во „It: Chapter Two“, биле употребени рекордни 18.900 литри лажна крв – повеќе од кој било филм. За да ја снимаат препознатливата сцена во тоалетот, Џесика Честејн морала да влезе во базен полн со лажна крв, за која има изјавено дека била многу ладна.
4. За да се подготви за улогата во „A Star Is Born“, Бредли Купер шест месеци соработувал со експерт за дијалекти. Актерот го вежбал дијалектот за ликот на Сем Елиот секој ден, по најмалку четири часа.