Во „Now You See Me“ Исла Фишер за малку ќе го изгубела животот – факти за снимањето на популарните филмови
9. Во „Avengers: Endgame“, речиси целата сцена со смртта на Тони Старк е импровизација. Додека ја снимале, на сетот биле четворица, а на актерите само им кажале што отприлика треба да се случи. Навистина интересен начин да се сними толку важна сцена.
10. Во „John Wick: Chapter 2“, Киану Ривс снимил околу 95% од сцените со тепање без помош од каскадер. За да се подготви за улогата, актерот напорно тренирал три месеци.
11. Дел од актерите од „Fantastic Beast And Where to Find Them“ морале да бидат обучувани како правилно да ги користат магичните стапчиња. Сигурно се чувствувале како ученици во Хогвортс.
12. За улогата во „Logan“, Патрик Стјуард ослабел околу 10 килограми. Интересно е што актерот отсекогаш имал стабилна тежина и изјави дека ова му било првпат да слабее намерно.
13. Во „Captain America: The First Avenger“, сцената каде што Хејли Атвел му ги допира градите на Крис Еванс е импровизирана. Наводно, актерката толку била воодушевена од формата на Крис, што за малку ќе „излезела“ од ликот. И реакцијата на нејзиното лице не е глума, туку вистински восхит.
Спирова С. | Црнобело