Одличен одговор на Стенли Кјубрик на прашањето: Дали вреди да се живее животот?
Во 1968 година, познатиот режисер Стенли Кјубрик на 40-годишна возраст дал интервју за списанието Плејбој. Сепак, не сме сосема сигурни дека новинарот бил подготвен за вакво длабоко егзистенцијално размислување за смислата на човештвото.
Во еден момент новинарот го прашал Кјубрик дали животот вреди да се живее и добил незаборавен одговор. Зборовите се едноставни прекрасни.
Плејбој: „Ако животот е толку бесмислен, мислите ли дека вреди да се живее?“
Кјубрик: „Да, за оние кои некако успеваат да го прифатат фактот дека сите сме смртни. Самата бесмисленост на животот го тера човекот да создаде нешто свое. Децата, се разбира, ги започнуваат своите животи исполнети со радост и чудо. Тие се во можност да уживаат во такви едноставни работи, како зеленилото на листот, но како што стареат, самото сфаќање дека сите сме смртни и дека на крајот ќе исчезнеме од лицето на земјата, почнува да ја засенува оваа исконска радост на битието. Оваа острина на уживањето во животот. Овој идеализам дека ќе живееме засекогаш.
Кога детето станува возрасен човек, ја гледа смртта и болката насекаде и почнува да ја губи вербата во бесконечната добрина на човекот. Но, ако тој е силен и доволно среќен, може да се извлече од овој мрак на душата до заживување на животот. Станува збор за ентузијастичка и силна љубов кон животот.
Тоа е реализацијата на бесмисленоста на животот што го тера да бара нови значења што ќе му помогнат на човекот да се извлече од овој мрак. Тој не може да го доживее истото чисто чудо од раѓањето, но може да смисли нешто потрајно и постабилно.
Најстрашниот факт за нашиот универзум не е дека е непријателски настроен кон нас, туку дека е рамнодушен. Но, ако најдете сила во себеси да се помириме со оваа рамнодушност и да ги прифатите предизвиците на животот, дека сите сме смртни, нашето постоење ќе биде исполнето со вистинско значење. Бидејќи колку и да е голема темнината, ние мора да ја запалиме сопствената светлина“.
(О)Милена | Црнобело