Секоја жена треба да знае како да се вљуби без да се изгуби – и што друго? – според Маја Анџелоу

Sekoja-zena-treba-da-znae-spored-Maja-Andzelou-01.jpg

Секоја жена би требало да има: 

Стара љубов за која ќе може да замислува дека можеби ќе ѝ се врати, 

Една која ќе ја потсетува колку далеку стигнала,

Доволно пари доколку се одлучи да се исели или да изнајми стан, дури и доколку не ѝ е потребно сето тоа,

Совршена комбинација за облекување доколку некој што ѝ се додворува ја покани на состанок,

Младост која ќе биде задоволна да ја остави зад себе,

Доволно сочно минато за кое ќе ѝ биде драго да зборува во староста,

Сфаќање дека еден ден ќе доживее старост и малку пари оставени на страна,

Комплет шрафцигери, бормашина и градник од црна чипка,

Еден пријател кој ќе ја засмејува и еден кој ќе ѝ дозволи да плаче,

Добро парче мебел кој не го поседувал никој пред неа,

Комплет од 8 чинии, високи вински чаши и рецепт со чија помош нејзините гости ќе се почувствуваат почестено,

Животна приказна по која не е снимен ниту еден филм,

Чувството дека сама ја контролира сопствената судбина.

Секоја жена би требало да знае:

Како да се вљуби, без да се изгуби,

Како да си даде отказ, да му раскине на љубовникот и да им се спротивстави на пријателите, без да го уништи пријателството,

Кога треба да се потруди повеќе, а кога треба да крене раце,

Како добро да си помине на забавата на која никогаш сама не би се одлучила да дојде,

Како да го побара она што го сака на начин на којшто најбрзо ќе го добие,

Дека нема да може да ја промени должината на нозете, ширината на колковите или карактерот на своите родители,

Дека нејзиното детство можеби не било совршено… но е завршено,

Што треба и што не треба да прави за љубов,

Како да живее сама… дури и доколку тоа не ѝ се допаѓа.

Кому може да верува, кому не може и зошто не треба тоа да го зема при срце,

Што може, а што не може да постигне во текот на еден ден, еден месец и една година.

- Маја Анџелоу

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg