Роден е во Либан, сакал да биде хокеј играч – Кој бил Киану Ривс пред да стане ѕвездата од „Matrix“?
Со текот на времето, Киану Ривс стана еден од најомилените актери во Холивуд.
Покрај импресивната филмска кариера, фановите се восхитуваат и на скромноста на Киану и на фактот што тој во јавноста никогаш не се однесува како ѕвезда.
Актерот никогаш не одбива да се фотографира со фановите или да ги израдува со автограм, а на интернет можете да најдете безброј приказни за неговата добрина.
Но, кој бил Киану Ривс пред целиот свет да дознае за него?
Пораснал во Торонто
Киану има британско и американско потекло, но бил роден во Бејрут, Либан. Раното детство го поминал селејќи се од Бејрут во Њујорк, за на крај да заврши во Канада. Основно и средно училиште завршил во Торонто, а во 1986-та се преселил во Лос Анџелес.
Размислувал за кариера како хокеј играч
Наводно, актерството не бил првиот избор на Киану. Додека бил во Канада, навистина го засакал хокејот, кој е како национален спорт на државата.
Иако бил добар играч, желбата да стане спортист се претворила во желба за актерска кариера.
Учел во престижно уметничко училиште
Откако завршил средно, актерот се запишал на училиште за уметности во близина на Торонто. Овде ја изучувал глумата, па дури и режирањето.
Одлучил да стане актер на 17 години
На 17-годишна возраст, Киану станал сериозен во намерата да започне актерска кариера. Токму затоа се запишал во уметничко училиште и на некој начин си го поплочил патот до славата.
Бил дел од неколку локални проекти
Додека живеел во Торонто, Киану бил дел од неколку локални проекти. Актерот има откриено дека го глумел Ромео во една изведба на „Ромео и Јулија“, а добил и неколку мали филмски и телевизиски улоги во Торонто.
Сепак, за разлика од сега, тој период Торонто не бил најпогоден град за започнување светска актерска кариера, па таму Киану не постигнал значаен успех.
Преселба во Лос Анџелес
Во 1986-та година актерот се преселил во Лос Анџелес. Таму не познавал речиси никој, но не требало долго за да застане на нозе.
После многуте мали улоги во ситком серии, реклами и филмови, актерот конечно имал можност да работи и на посериозен проект.